Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Акцелераторот на Онкологија повторно е во функција, а листите на пациенти за снимање во ПЕТ-центарот се двојно намалени

Редно време е во СДС да се смират и да почнат да ја гледаат реалноста која се менува.
Венко Филипче кој е претседател на СДС, а во владата на Заев беше министер за здравство го уништи целиот здравствен систем. Сега Филипче нека се сврти околу себе и нека види дека работите се менуваат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Помина времето на СДС кога не се грижеа за граѓаните, сега е поинакво време, време на трансформација на Македонија во полза на граѓаните. За разлика од времето на СДС кога имаше долги на листи на чекање за снимање во ПЕТ центарот, денес истите се двојно намалени. Тоа е резултат на новото раководство на центарот. За разлика од времето на СДС кога акцелераторот на Онкологија не работеше сега истиот по осум години е ставен во функција, односно е на располагање на пациентите“.
За разлика од времето на СДС и Филипче, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, сега сите пациенти добиваат квалитетна радиотерапија согласно на стандардите на европските земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Центар, Аеродром, Сарај и Бутел денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 – 11:00 часот, објектите во околината на Транспотниот Центар, односно делови од улиците: Мирче Ацев и Никола Карев. (Општина Центар)
· од 09:00 – 12:00 часот, дел од ул. Ѓорѓи Капчев. (Општина Аеродром)
· од 09:30 – 12:00 часот, дел од с. Никиштани. (Општина Сарај)
· од 11:00 – 14:00 часот, објектите во околината на БОРА ПЕТРОЛ во Индустриската зона – Качанички Пат, Визбегово. (Општина Бутел)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд (над 30л/м2), а на повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60км/ч), особено вдолж Повардарието. Дневните температури значително ќе опаднат. Во деновите од викендот и во понеделник ќе има услови за слаб локален дожд, а дневните температури повторно ќе бидат во пораст.
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека поради дефект на приклучна цевка ф 1“ на улицата Ванчо Мицков бр.40, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Ванчо Мицков, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.