Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Груби и Ковачевски избрале фирма со искуство за шиење долна облека за надзор на коридорите – смрди на корупција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/thumbnail_Grubi-Korridori-8-dhe-10D-12.jpg)
Ковачевски и Груби сè што кажаа во одбрана на криминалниот тендер за надзор на изградбата на коридорите 8 и 10Д, сè излажаа. А народот вели, кој лаже – тој и краде, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Фактите, како што додаваат од оваа партија, целосно ги побија нивните невистини.
„Груби и Ковачевски уверуваа дека странски експерти ќе го водат надзорот, а се утврди дека македонските контроверзни фирми ‘Електра солушн’ на Ампови и ‘Евроконсалтинг’ (на криминалецот баран со потерница, Бранимир Димитриевиќ) ќе добијат 70 % од мрсниот тендер. Односно, од 22 милиона евра ‘Електра солушн’ ќе земе 8,2 милиони евра, а фирмата на криминалецот баран со меѓународна потерница, Бранимир Димитриевиќ, ќе наплати 7,1 милиони евра.
Власта уверуваше дека компаниите се реномирани, а ‘Електра солушн’ добила лиценца за надзор во време пред истекот на рокот на јавната набавка и од долгогодишно искуство, единствено може да се пофали со шиење долна облека.
Груби и екипата избрале фирма за долна облека да врши надзор на изградба на автопати во Македонија. Тоа доволно говори само по себе“, се истакнува во пишаната реакција од партијата на Мицкоски.
Дополнително, според нив, наместо мноштвото реномирани странски експерти за надзор, се сведоа само на 5 лица, од кои 4 од регионот, а дел од нив и со македонско потекло.
„Секоја лага им падна во вода исто како што лажеа за новиот менаџмент на ‘Ептиса’, па се утврди дека е компанија со непроменет кинески менаџмент од 2016 година, лажеа за реномето, а се утврди дека за истата Влада на СДС и ДУИ дале лоша референца за нив и препорака да не се соработува, лажеа дека Бранимир Димитриевиќ нема никаква врска со сопственоста на една од фирмите во конзорциумот, па се утврди дека компанијата е уште поврзана со него и уште еден тон лаги од оваа власт на Ковачевски и Груби.
Јавното обвинителство за ова не смее да молчи и да бега. Ислам Абази нека не се крие и нека поведе постапка. Ова смрди корне на корупција и наместен тендер“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.