Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице ќарува од РЕК додека луѓе се бркаат од работа и се готви покачување на цената на струјата?
Дали Вице ќарува од РЕК додека луѓе се бркаат од работа и се готви покачување на цената на струјата? Дали тендерите во РЕК тешки милиони се напумпани за Вице Заев да земе огромна провизија?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Бојан Јовановски, главниот осуден во Рекет, преку своето писмо до Зоран Заев, со кого имал одлична комуникација тврди дека Вице Заев зел пари од газдите на фирмите кои добивале тендери во РЕК Битола, за што постојат докази во неговиот мобилен телефон. Јовановски посочува лица и ситуации, а институциите молчат.
Вашиот брат Вице Заев, откако Силјан Мицевски го добива тендерот во РЕК Битола, веднаш стапува лично во контакт со него, на средба во Битола и веднаш му бара пари поради добиениот тендер во РЕК Битола. Средствата во милионски износ вашиот брат Вице му ги бара на Силјан веднаш пред да биде исплатен добиениот тендер! Знаете за ова, господине Заев, така нели?! Јас сум живиот сведок на примопредавање на кеш пари (стотици илјади евра) од страна на Силјан Мицевски кон вашиот брат Вице Заев во просториите на Меѓународен сојуз, пишува Јовановски до Заев“, велат од опозициската партија.
Оттаму прашуваат дали затоа последниот склучен договор за ископ на 1.4 милиони тони на јаглен во РЕК се плаќаат 19 милиони евра, односно 13 евра по тон, кога, како што велат, во исто време јагленот договорен од Косово го плаќаме 8 евра.
„Дали разликата од 5 евра по тон, односно 7 милиони евра вкупно треба да заврши кај Вице Заев, на истиот начин како што посочува Бојан Јовановски дека истиот тоа го прави. Која е економска оправданост да се плаќа и до 70% поскап ископ, ако не се работи за одредени други шеми? Дали народот ќе плаќа за Вице да ги полни џебовите и банкарските сметки? И сето тоа додека во РЕК се готват списоци за бркање на луѓе од работа“, обвинуваат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

