Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Османи ја капитулираа Македонија, францускиот предлог за влегување на бугарските барања во преговарачка рамка се чекор за бугаризација

„Ковачевски и Османи ја капитулираа Македонија, францускиот предлог за влегување на бугарските барања во преговарачка рамка се чекор за бугаризација. Францускиот предлог буквално ги става бугарските барања во преговарачка рамка за Македонија на патот кон ЕУ. Тоа значи дека Македонија или ќе треба да се бугаризира на патот кон ЕУ или никогаш нема да стане членка на Унијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму порачуваат дека „Ковачевски и Османи да одговорат како дозволиле бугарските барања да влезат во францускиот предлог, кој треба да биде рамката која се предвидува вклучување на Бугарите во Уставот, негирање дека македонската нација постоела пред 1945, како и негирање на македонската јазична, историска и идентитетска посебност. Дали и Ковачевски затоа се смееше кога беше претставен како иден премиер на Западна Бугарија?“.
„ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати договор кој ќе значи негирање на македонскиот јазик, идентитет и посебност. Дополнително нема да прифатиме внесување на Бугарите во Уставот доколку немаме писмени гаранции од Софија и Брисел дека тоа ќе биде последно бугарско барање. Затоа ја предупредуваме власта, да не помислува да прифати влегување на бугарските барања во рамката за ЕУ. Тоа ќе биде пораз за македонската дипломатија и национална катастрофа. Премногу е, затоа повикуваме на протест утре во 20 часот пред влада. За промени! За подобра иднина!“ стои во соопштението на опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре изменет режим на повеќе линии на ЈСП, поради блокада на крстосницата во Автокоманда

Утре од 7 до 10 часот, поради најавената блокада на раскрсницата во Автокоманда на булевар „Александар Македонски“ со „16 Македонска бригада“, дел од линиите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.
По изменети траси ќе сообраќаат:
Линии 43, 45, 50, 50А, 52, 53, 55, 55 В, 62, 63, 63А, 65, 65А, 65Б, 65В, 66, 66А и 68
Во насока на Дом на печат, Клинички центар и Транспортен центар, во Автокоманда преку булевар „Александар Македонски“ ќе се исклучуваат на клучката Дијамант, па по булеварите „Киро Глигоров“, „Србија“ и „Јане Сандански“ до крајните постојки на Транспортен центар, а линиите 43, 50 и 50А од Транспортен центар, преку Југодрво и Рекорд, ќе продолжуваат до крајните постојки на Дом на печат и Клинички центар.
Во обратна насока, ќе сообраќаат по истиот изменет режим.
Линија 54
Од кај Бриколаж, од улица „Перо Наков“, ќе врти лево по булевар „Киро Глигоров“, па по булеварите „Србија“ и „Јане Сандански“ до крајната постојка на Транспортен центар.
Во обратна насока, ќе сообраќа по истата изменета траса.
Линија 16
Од Пржино према Железара ќе сообраќа преку Чаир (Бит пазар, Чаир, Железара).
Во обратна насока, ќе сообраќа по истата изменета траса.
Линиите 13 и 42
Во насока на Железара, движејќи се од Кисела Вода и Драчево, кај Фершпед ќе вртат лево на улица „808“, ќе поминат пред дирекција на ЈСП се до постојката кај „Алкалоид“ која ќе биде почетна/крајна постојка
Лините 2 и 2А
Во насока на Автокоманда, на кружниот тек кај Континентал, ќе се враќаат назад на кружниот тек и почетно/крајна постојка ќе им биде постојката кај Светлост.
Македонија
Утре топло време, попладне пороен дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ=8
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време, во попладневните и вечерните часови со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Македонија
Утре и задутре без струја повеќе делови на Скопје

ЕВН информира дека заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат следните корисници:
од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 1515, ул. 1513 и дел од ул. Саса во околината на ОУ Рајко Жинзифов во нас. Пинтија. (Oпштина Кисела Вода)
на ден 28.06.2022 година ( вторник ) :
од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од с. Добри Дол. (Oпштина Сопиште)
од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Горно Соње. (Oпштина Сопиште)
од 09:00 до 10:30 часот, објектите во околината на бул. Партизански Одреди бр. 70. ( Општина Карпош)
од 09:00 до 14:00 часот, ул. Желево зграда 3 и зграда 5 и ул. Разловечко Востание зграда 22 и зграда 24. (Општина Карпош)
од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од с. Побожје. (Oпштина Чучер Сандево)