Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија ниту ова лето не доби датум за преговори, а нема ниту оставка од Заев
Зоран Заев продолжува ноторно да ја лаже македонската јавност. Република Македонија ниту ова лето не доби датум за преговори со Европската Унија, а нема ниту оставка и повлекување на аблолицираниот Заев. Заев повторно ги излажа граѓаните како што ги лажеше дека ќе го одбрани македонскиот Устав во преговорите за името, како што лажеше дека ќе си замине доколку не успее референдумот за промена на името, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Зоран Заев веќе доби црвен картон од граѓаните за криминалот, корупцијата и расипништвото. Аболицираниот Заев и неговата криминална банда ги загубија изборите во 43 општини. Гласот на граѓаните Заев го помножи со нула исто како и за референдумот.
Нема никаква одговорност што секој четврти Македонец живее во сиромаштија. Нема одговорност ниту за катастрофата која се случува во земјоделието и економијата. Заев не виде никаква одговорност кај себе за нулата која ја доби од германските инвеститори и потопот на полето на странските инвестиции.
На овој човек единствено му е важно да врват тендерите на Заеви и тие околу него, а одговорноста за катастрофалната состојба во државата и падот на рејтингот на партијата ја префрла на пониските ешалони. Ова е вистинското лице на Зоран Заев.
Централниот одбор на СДСМ мора да собере храброст и за доброто на сите граѓани да му се спротивстави на Заев. Тие не му должат ништо нему туку на Република Македонија и нејзините граѓани.
По вечерашниот состанок на кој ќе се гласа, целата јавност ќе види дали СДСМ како партија ќе одбере да му слугува на деспотот Заев и ќе ги избере неговите послушници во раководните органи во партијата, или ќе покажат дека ја примиле пораката од граѓаните и ќе работат во нивен интерес, оценува партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.