Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ му го спаси гласот на Вангеловски во Судскиот совет

На денешната седница на Комисијата за политички систем се расправаше за дисциплинската одговорност на судовите. Предлогот за измените во овој закон, кои се поставени во три дела, се поднесени од Министерството за правда и се усогласени со опозицијата. Во Законот за Судскиот совет најголемата измена е во делот на одземање на правото на глас на претседателот на Врховниот суд.
„Министерството за правда смета дека покрај министерот за правда, кој нема право на глас во Советот, право на глас не треба да има ни претседателот на Врховниот суд. Тука не успеавме да се усогласиме со опозицијата и му го вративме правото на глас на претседателот на Врховен, со тоа што во големиот пакет-измени за Судскиот совет, кој ќе следува јуни и јули, каде што ќе се утврдува мандатот на членовите, повторно ќе се размислува за правото на глас на претседателот на Врховен суд“, рече заменик-министерот за правда, Оливер Ристовски.
Законите за кривичната постапка и за Јавното обвинителство денеска не се најдоа на дневен ред на Комисијата за политички систем затоа што тие веќе се во парламентарна процедура, објасни Ристовски по што додаде дека измените во овие закони се мали и прецизни.
„Во Законот за кривичната постапка измените се за ПИМ-мерките, но се работи за кратки и прецизни измени што не беа денеска предмет на расправа бидејќи веќе се во парламентарна процедура. Ова гласање требаше да се одржи минатата недела, но се одложи поради внатрепартиско усогласување кај опозицијата“, рече Ристовски.
Тој информира дека овие закони ќе одат на Венециската комисија по што ќе видат што ќе се случи. Доколку во јуни од Комисијата добијат забелешки, законите повторно ќе бидат предмет на разгледување.
„Овие закони се дел од планот 3-6-9, дел од усогласувањето со забелешките на Прибе, но најмногу со забелешките од Венециската комисија од 2015 година. Европа ги бара овие закони, го бара и третиот голем сет во кој е потребно подлабока анализа поради тоа што ќе се смени целиот концепт на работата на Судскиот совет. Членовите што се избрани да судат, а повремено да одат на седници на Советот, а петте члена избрани од Собранието да си ја работат својата работа и меѓу нив не може да има активни судии и да доаѓаат само на седниците на Советот“, рече заменик-министерот.
Тој исто така информира дека сетот закони за Јавно обвинителство и за Советот на јавните обвинители со странски експерт во нацрт-форма ќе се работи оваа недела, а потоа работните групи при Министерството за правда ќе изработат нацрт и предлог-верзија на двата закона. Доколку се одлучиме избирањето да биде двотреитнско, тоа ќе влезе во Законот.
Реформите во судството ќе траат, не е само до законите, тие не беа лоши и претходно, ова се само доусовршувања на законите, кои, сепак, не можат да ги сменат судиите. Се надеваме дека судиите сами ќе сфатат дека треба да бидат сменети и дека треба да судат во интерес на граѓаните на Република Македонија, рече Ристовски.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски-Спајиќ: во фокусот посветеноста на европската интеграција на Западен Балкан

Во пресрет на утрешниот Самит ЕУ – Западен Балкан, денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.
Двајцата се дел од овогодинешната група добитници на признанието „Млад глобален лидер“ (YGL) на Светскиот економски форум – мрежа која веќе две децении обединува исклучителни личности под 40 години кои предводат позитивни промени ширум светот.
Програмата за млади глобални лидери е симбол на колективна акција и визија, поттикнувајќи нови форми на лидерство во ера на глобални трансформации. Тоа што двајца политичари од Западен Балкан се дел од оваа заедница е потврда за промените што оваа генерација ги носи во регионот, информираат од МНР.
На средбата се разговараше за зајакнување на билатералната и регионалната соработка, како и за потврдување на заедничката посветеност на европската интеграција на Западен Балкан – како дел од визијата за обединета, просперитетна и силна Европа.
Македонија
МВР: Од 1 јули летен режим на сообраќај за тешки товарни возила

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти МВР.
Забраната се однесува за следните термини:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 09:00 до 19:00 часот
недела од 09:00 до 22:00 часот
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Специјален сообраќаен летен режим за тешки товарни возила се воведува и на патниот правец А2 Скопје – Охрид – Скопје во периодот од 01.07.2025 до 01.09.2025, и тоа:
Од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот, само во денови со екстремно високи температури определени од Министерството за здравство:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 07:00 до 12:00 часот и од 18:00 часот до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот
– Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Македонија
Пренасочување на возилата поради сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Од 19:10 часoт има пренасочување на сообраќајот на патниот правец Р1305 Демир Хисар – Кичево поради случена сообраќајна незгода, возилата ќе бидат пренасочени преку с.Единаковци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Според последното известување од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.