Контакт

Македонија

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ сè уште не одлучила дали ќе учествува на референдумот

Објавено пред

Потребни се реформи во економијата, образованието и здравството, а не криминални иновации, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, според кого СДСМ не направил ништо од тоа што ветил.

ВМРО-ДПМНЕ сè уште не донела одлука дали ќе учествува на референдумот, рече лидерот, кој истакна дека ќе мора да завршат консултациите пред да излезат во јавноста со официјален став.

„Погрешен одговор е полош од никаков“, рече Мицкоски и додаде дека кампањата на Владата е веќе во напредна фаза.

„Владата нема капацитет да се справи со еден ваков предизвик каков што започнала. Владата кампањата ја темели дека го зачувала идентитетот, а ги прашувам: ‘Како го зачувале кога идентитетот во институциите е изгубен?’“, истакна Мицкоски.

Според него, граѓаните ќе победат ако има одговорни политичари.

„Имаме егзибиционистичка и туристичка власт. Нам ни се потребни реформи“, додава Мицкоски.

Македонија

Утре дожд и температури до 29 степени

Објавено пред

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд, наместа ќе бидат проследени со ретки грмежи. Минималната температура ќе биде од 5 од 13, а максималната од 22 до 29 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне со повремен локален дожд. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 25 степени.

Во текот на следната работна недела времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има утре кон крајот на денот и во вторник, кога на места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен втер.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пристигна нова група американски волонтери во Мировен корпус

Објавено пред

Во земјава денеска пристигнаа 56 Американци за да служат како волонтери во Мировен корпус. Тие ќе го споделат своето знаење и искуство волонтирајќи во училишта и организации во земјата. Волонтерите беа пречекани на аеродромот од страна на директорот на Мировниот корпус во Северна Македонија, Марк Ханафин, како и дел од вработените.

„Ова е најголемата група волонтери во историјата на Мировен корпус во Северна Македонија. Од година во година, бројот на волонтерите сè повеќе се зголемува. Ова го покажува големиот интерес кој постои кај Американците да служат во Северна Македонија“ – изјави директорот на Мировниот корпус во Северна Македонија, Марк Ханафин. „Нивното присуство е многу значајно. Споделувањето знаења и искуства е непроценливо за сите коишто се инволвирани“ додаде тој.

За време на нивниот двогодишен престој во Северна Македонија, тие ќе работат како наставници по англиски јазик во училиштата, дефектолози во дневните центри за лица со посебни потреби, како и во областа на развојот на заедниците во невладини организации и општини. Мировниот корпус е американска владина организација и ги реализира своите програми во партнерство со Министерството за образование и наука, Министерството за локална самоуправа и со Министерството за труд и социјална политика.

Ова е 24-та група на волонтери кои ќе живеат и работат во градови и села низ Северна Македонија. Во текот на првите три месеци, волонтерите ќе ги изучуваат локалните јазици и ќе се запознаат со македонската култура. Својата служба во земјата ќе ја почнат во декември. Повеќе од 800 американски државјани служеле во Северна Македонија од 1996 година.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ бара од опозицијата да одговори дали Камчев им ја финансирал изборната кампања

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ да не ја брка мувата од капата туку да каже за Орце Камчев и дали сите донации се регистрирани во Финансискиот извештај, порача владејачката партија преку соопштение. СДСМ побара од опозицијата да одговори дали Камчев, преку негови фирми ја финансирал кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за последните претседателски избори.

„Дали сите донации за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори се регистрирани во Финансискиот извештај за претседателските избори?“, прашува СДСМ.

Сите сознанија, велат од владејачката партија,  укажуваат на тоа дека зад фирмата „Диамед“, стојат Никола Груевски и неговиот кум од првиот брак Ристе Новачевски, за што истрага води и Обвинителството за организиран криминал.

„Официјални податоци укажуваат дека истиот ден кога од фирмата за дијализа „Диамед“ биле префрлени 9 милиони евра во Монако, Новачевски, кумот на Никола Груевски од првиот брак, отворил сметка во Монако. За фирмата „Диамед“ ВМРО-ДПМНЕ треба да се обрати во Будимпешта кај Груевски и во Монако кај неговиот кум Новачевски“, порача СДСМ.

Социјалдемократите тврдат дека не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да конструира лажни случаи во здравството.

„Со месеци ВМРО-ДПМНЕ лажно обвинуваше за криминал и незаконски постапки, за на крајот да излезе Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и да соопшти дека јавните набавки во здравството се кристално чисти по што се прекинати предистражните постапки“, додава СДСМ во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 часа

По земјотресите во Албанија, многумина сѐ уште стравуваат да се вратат во своите домови

Голем број жители на Тирана и Драч сѐ уште не се враќаат во своите домови по земјотресот со јачина од...

Македонија7 часа

Утре нова средба на работните групи за законот за јавното обвинителство

Работните групи на власта и опозицијата утре ќе одржат нова средба за законот за јавното обвинителство. Средбата што ќе се...

Регион7 часа

Могерини на работна вечера со лидерите од Западен Балкан во Њујорк

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини денеска ќе се состане во Њујорк со лидерите од...

Топ7 часа

Возач почина за време на пробна автомобилска трка, му се слошило и излетал од патеката

Педесет и осумгодишен скопјанец почина за време на одржување на пробни автомобилски трки на патеката на поранешен воен полигон до...

Европа9 часа

Полска ќе евакуира 42.000 граѓани поради бомба тешка 5,5 тони

Властите во северозападниот дел на Полска планираат евакуација на околу 42.000 луѓе откако е пронајдена огромна сеизмичка британска бомба од...

Култура19 часа

Доделени наградите на завршната вечер на фестивалот „Браќа Манаки“

Осум дена, пет локации, 128 филмски наслови создавани низ целата планета од филмски уметници од над 50 земји во светот,...

Македонија1 ден

Јовановски и Јанева повикани на распит во Обвинителството

Осомничените во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и Катица Јанева се повикани на распит во Обвинителството. Првоосомничениот Бојан Јовановски е повикан...

Топ1 ден

Нападнат вработен на Kомплексот клиники „Мајка Тереза“

Вчера во полициската станица бил пријавен физички напад што се случил на Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот го пријавил 61-годишен...

Топ1 ден

Фатени двајца крадци кои ограбиле пет маркети во Охрид

МВР соопшти дека поднеле кривични пријави против две лица кои се сомничат за пет кражби во Охрид. Едниот е на...

Топ1 ден

(Видео) Во координирана полициска акција во 24 градови пронајдени и одземени поголеми количества дрога и оружје

По претходно изготвен план за преземање на конкретни мерки и активности, со наредби од судија на претходна постапка, вчера од...

Свет1 ден

Зариф: САД се очајни, со санкциите сакаат да ги спречат Иранците да добиваат лекови

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф ги обвини САД дека со новите санкции против иранската централна банка сакаат...

Свет1 ден

„Фејсбук“ укина илјадници апликации

Компанијата „Фејсбук“ објави дека укинала десетици илјади апликации, кои биле потенцијална опасност за приватноста на корисниците, а тоа го покажала...

Топ1 ден

Кривична пријава против Јосифовски поради хакирање на Централниот регистар

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против поранешниот пратеник од Нова содицијалдемократска партија, Љубомир Јосифовски, поради...

Топ1 ден

Автомобил удри во жена во Маџари

Тешко повредена 41-годишна жена од Скопје, откако во неа удрил автомобил „Фолксваген пасат“ на ул.„Перо Наков“. Б.Ѓ. се здобила со...

Свет1 ден

Трамп одобри распоредување на воени трупи во Саудиска Арабија и ОАЕ

Американскиот претседател Доналд Трамп одобри распоредување американските сили во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, после нападот врз саудиската нафтена...

Македонија2 дена

Советот за реформи во правосудството: Избор на шеф на обвинителство предложен од партија отвора врата за политизација

Избор на шеф на кое било јавно обвинителство на предлог на политичките партии, вклучувајќи ја опозицијата, е решение кое отвора...

Интервју/Дебата2 дена

(Видео) Поповска од ДОМ: Оптимист сум дека на следните избори ќе гласаме во една изборна единица

Пратеничката од партијата ДОМ, Лилјана Поповска, во интервју за „Макфакс“ изјави дека очекува да помине иницијативата за една изборна единица...

Свет2 дена

Над 30 светски лидери потпишаа иницијатива за борба против климатските промени

Над 30 шефови на држави и влади потпишаа апел за засилување на активностите во борбата против климатските промени, што ги...

Топ2 дена

Воз на релација Гевгелија – Скопје прегази 23-годишен мигрант

Пакистанец на возраст од 23 години загина на пругата во близина на селото Ногаевци кога во него удрил воз што...

Македонија2 дена

Почна уривањето на дивоградбите во Охрид

Општина Охрид ја почна најавената акција за уривање дивоизградени објекти на подрачјето на општината во согласност со законските процедури и...

Досие