Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Оставка од Спасовски веднаш, вети враќање на безбедноста во маалата, 5 години потоа киднапирано и убиено е дете среде Скопје
Спасовски вети враќање на безбедноста во маалата, 5 години потоа киднапирано и убиено е дете среде Скопје, а тој недела дена поима нема, оставка веднаш, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Полицаецот позорникар ќе биде нашиот пријател – заштитник во секое време е ставот на Министерството за внатрешни работи кое после две децении ги враќа полицајците на улица, како заштитници на бебедноста и спокојот на граѓаните, кажа Спасовски пред 5 години, од тогаш до сега десетина убиства, грабнувања и илјадници други кривични дела се случија, и ретко кое е расчистено. На Спасовски кој се фалеше како успешно го вратил полицаецот позорникар, му се случи грабнување и убиство на дете во центарот на Скопје. Криминална група харала десетина дена низ Скопје и Македонија, првин е убиен велешанецот Панче, а потоа младата Вања. Помеѓу двете убиства има неколку дена, и двете убиства се направени од истите луѓе. Главниот осомничен Љупчо Палевски Палчо е во бегство, затоа што МВР на Спасовски не реагира навреме“, се истакнува во нивната реакција.
Спасовски,како што велат, должи одговори и како е можно во центарот на Скопје да се киднапира дете, а полицијата една недела да не знае ништо?
„За што служат камерите и полициските патроли? Нели Спасовски се фалеше со полицаецот позорникар каде е тој? Спасовски апсолутно потфрли или свесно прави пропусти. Дали Спасовски дозволил бегство на Палевски зошто истиот е поранешен претседател на градската организација на СДС? Или заради тоа што заедно со банда рекетарска која има и медиумска платформа одработуваше против ВМРО-ДПМНЕ?Како е возможно со автомобилот на претходно убиенот велешенец бандата предводена од Палевски да се развозува низ цело Скопје и да остане незабележан од полицијата?Дали вистинската причина зошто се дозволи Палевски да избега е зафатеноста на полицијата со Самитот на ОБСЕ?“, прашуваат од опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

