Македонија
ВМРО-ДПМНЕ повикува на протести за „спас на македонската иднина“

ВМРО-ДПМНЕ повикува на масовни протести од 12:30 до 14 часот, за „спас на македонската иднина и идината на македонскиот народ“.
„Ве повикуваме масовно без разлика на политичката припадност, без разлика на верската и етничката припадност од 12:30 завршувајќи во 14 часот да се приклучиме на протестите коишто се натпартиски, обединувачки и гласно да зборуваме. Заедно да победиме во спасот на македонската иднина и иднината на македонскиот народ. Да порачаме заедно оставка на Заев, слобода на народот. Денес е време на историски моменти. Денес се моменти кога се одлучува за иднината на македонскиот народ, македонската нација и македонската држава“, се вели во повикот.
ВМРО-ДПМНЕ бара од Зоран Заев јавно да каже за што тајно се преговараше овој викенд во Софија. „Заев продолжи за најважните работи да молчи и преговорите за идентитетот, јазикот историјата ги крие од јавноста. Денес да излеземе заедно и да кажеме доста е на Зоран Заев. Доста ја распродава нашата историја, време е Заев да стане историја.
Денес е денот кога треба да сме масовни и гласно да зборуваме“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео)Талески: Со акцискиот план за борба против корупција до правда

Пратеникот од владеачката партија Миле Талески истакна дека премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Љупчо Николовски се силно посветени на реализација на заложбите за градење праведно општество, правда и дисциплина на сите нивоа.
Во тоа како што рече, ќе помогне Акцискиот план за борба против корупцијата.
Според Талески преку ваквата акција се зајакнуваат капацитетите со цел да се обезбеди целосна подготвеност за бескомпромисна борба против корупцијата, непотизмот, судирот на интереси и злоупотреби на позициите.
„Никој не смее и нема да смее да затајува и забавува случаи каде има сомнежи за корупција“, вели Талески.
Додава дека со реализација на Акцискиот план ќе нема непотребни чекања на шалтерите за вадење на изводи од матичните книги.
Македонија
Пендаровски: Без мерки неповратно ќе ги изгубиме водните ресурси

Претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на виртуелната конференција „Зелената агенда за Западен Балкан како поттик за заштита на водите во Република Северна Македонија“ истакна дека доколку не бидат превземени долгорочни мерки за нивна заштита, можеме неповратно да ги изгубиме.
Според некои проценки, истакна Пендаровски, во државата се прочистуваат само околу 3 до 4 проценти од вкупното количество отпадни води од рударството и индустријата, а најголем дел од непрочистената вода се испушта директно во почвата, во реките, акумулациите, езерата и јавната канализација.
Подеднакво сериозен проблем, според претседателот, е вадењето песок, чакал и камен од речните и езерските брегови и корита, со што како што рече, се врши легализирано уништување на речните корита.
Според Пендаровски проблемот е во ниското ниво на јавна свест.
Слаба алка во нашиот систем, според претседателот, е инспекцискиот надзор, за кој рече дека е нередовен и реактивен, поради законски недоречености и буџетски ограничувања.
Македонија
Казнети 65 возачи за брзо возење на автопатот Гевгелија – Куманово

Полицијата вчера казни 65 возачи за брзо возење на автопатот Гевгелија – Куманово.
„Во текот на вчерашниот ден мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Гевгелија – Куманово, при што казнети се 65 возачи за брзо возење. Од нив, 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното“, соопшти МВР.
Од таму најавија дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. „Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер