Контакт

Македонија

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за Изборниот законик

Објавено пред

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за Изборниот законик, односно за новиот модел на избор на ДИК, кој попладнево беше на дневен ред на собраниската Комисија за европски прашања. Со оглед на тоа што амандманите беа поднесени непосредно пред почетокот на Комисијата, таа за кусо време беше одложена за да се архивираат и преведат амандманите.

ВМРО-ДПМНЕ претходно побара да не се усвои дневниот ред на Комисијата за да не почне да тече рокот за разгледување на амандманите.

Според Деловникот, Комисијата има два дена за да ги разгледа амандманите и да гласа за измените на Изборниот законик што ги предложи Владата.

Амандманите треба да бидат заведени во архивата, да бидат преведени и потоа да бидат ставени на дневен ред за да почне расправата по нив. Претседателот на Комисијата, Артан Груби, рече дека гласањето за измените може да биде в сабота кога истекува рокот.

Бегството на Груевски

На интернет се шири фотографија од Груевски и Трајковски во Будимпешта

Објавено пред

Фотографија на која се гледа експремиерот Никола Груевски, сега унгарски азилант, како се шета низ Будимпешта, се прошири на социјалните мрежи. Засега не е познато кој е автор на фотографијата, ниту пак дали истата е автентична. На фотографијата со Груевски се гледа и Александар Трајковски, еден од обвинетите за случајот „Насилството во општина Центар“, инаку советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Гази Баба.

Преку вибер порака, Трајковски ни пиша дека „станува збор за грешка“, но одби да одговори дали фотографијата е автентична, дали бил во Будимпешта и дали се сретнал со експремиерот Груевски. Тој откако ни напиша дека станува збор за грешка, го исклучи мобилниот телефон.

СЈО досега нема побарано мерки за обезбедување на обвинетиот Трајковски, односно не му е одземен пасошот. Тој во понеделник треба да се појави на судењето за случајот „Насилство во Центар“.

Дел унгарски новинари веќе ја споделуваат фотографијата на Фејсбук и на Твитер. Тие за „Макфакс“ велат дека ќе се обидат да лоцираат каде престојува Груевски во Будимпешта.

Фотографијата е направена на локација во центарот на Будимпешта, каде што има безброј кафулиња, хотели и продавници за облека. Тој дел од Будимпешта е познат по тоа што таму најчесто престојуваат туристи.

Груевски избега од Македонија пред точно еден месец и експресно доби азил во Унгарија. МВР се уште нема објаснето како експремиерот осуден на двегодишна казна затвор ја напуштил земјава.

Засега, се е сведено на шпекулации, од кои дел се дека Груевски престојува во хотел, а го чува обезбедување.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев напиша во книгата на жалоста за смртта на Џорџ Х.В. Буш: САД загуби голем лидер

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев напиша порака со изрази на длабоко сочувство за смртта на поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Џорџ Х.В. Буш, во книгата на жалоста што денеска беше отворена во амбасадата на САД во нашата земја.

Премиерот Заев во книгата на жалоста напиша:
„Со смртта на поранешниот претседател на САД, Н.Е. г. Џорџ Херберт Вокер Буш, Соединетите Американски Држави загубија човек кој ќе остане запаметен како еден од најголемите претседатели, вистински лидер и пример за тоа како еден политичар треба да им служи на интересите на нацијата. Неговото богато државничко, политичко и хумано наследство, коешто тој го остави зад себе, и понатаму ќе продолжи да живее длабоко во срцата на американскиот народ, како и во сеќавањата на идните генерации.

Упатувам изрази на најискрено сочувство до сите членови на неговото семејство, како и до американскиот народ.Господ нека го благослови“.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Алими до Села на 27 април: Додека сум жив ќе те бранам

Објавено пред

,,Последно што помнам е дека во прес-центарот на Собранието врз пратениците се фрлаа предмети. Видов како кон мене фрлија монитор од компјутер и веднаш потоа ја изгубив свеста. Се освестив во една од канцелариите во Собранието, беше темно без светла. Бев сместен позади едно биро, а кога ги отворив очите до мене беше Абдуљфета Алими, кој ме праша како сум. Во еден момент му се обратив и му реков „Мојот живот е во твои раце“, а тој ми врати со зборовите „Додека сум жив ќе те бранам, а доколку не останам жив, прости ми“, сведочи пратеникот и претседател на Алијансата за Албанците, Зијадин Села на рочиштето за „27 април“.

Села рече дека во просторијата заедно со припадникот на обезбедувањето од Собранието, сега обвинетиот, Абдуљфета Алими имало уште едно лице од оние кои протестирале, кое му помагало на Алими.

,,По одредено време, ми облекоа дуксер. Ми ставија значка од полиција и ме изнесоа надвор како повреден полицаец. Во ходникот пред да излеземе го сретнавме Никола Тодоров. Тој инсистираше да ме носат во Градска, а докторот инсистираше да ме носат на Клинички. Во еден момент Тодоров му рече на докторот „Правете што сакате“. Цело време Абдуљфета беше со мене. Кога пристигнавме на КАРИЛ, Алими ме праша дали е слободен, мислејќи на зборот кој ми го даде во Собранието, дека сум во негови раце”, рече Села.

На прашањето од обвинетиот Никола Митревски Кољо дали е вистина дека Села со негов имот го спасил Алими од затвор, Села одговори дека Абдуљфета Алими е најзаслужниот. Претседателот на Алијансата за Албанците рече дека Абдуљфета Алими е најзаслужниот што тој е жив и дека поради тоа му е должник.

,,Во целата постапка, кога слушнав дека тој не може да излезе од затвор, бидејќи нема доволно имот, јас одлучив да го дадам мојот имот, за тој да биде на слобода. Мојата куќа е негова куќа, јас сум му должник со мојот живот”, рече Села.

Наредното рочиште за 27 април е закажано за в четврток каде исказ ќе даваат 5 сведоци предложени од обвинетиот Богдан Илиевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Бегството на Груевски5 минути

На интернет се шири фотографија од Груевски и Трајковски во Будимпешта

Фотографија на која се гледа експремиерот Никола Груевски, сега унгарски азилант, како се шета низ Будимпешта, се прошири на социјалните...

Крвав четврток50 минути

Села: Претседателите на партиите кои не присуствуваа на 27 април се најверојатно и организаторите

,,Некој знаел дека ќе се случи она што се случи на 27 април и не беше присутен. Немаше друга причина...

Крвав четврток2 часа

Припадничка на собраниското обезбедување: Ѓошевски даде наредба да се отворат вратите од собата за видео надзор

Судењето за ,,крвавиот четврток” по паузата продолжи со сведочење на Милунка Јовановска, вработена во МВР, која на 27 април била...

Крвав четврток3 часа

Кој е тој Душко и кои се сите тие од МВР што треба да знаат, Кацарска го праша Трајко Вељаноски

Во кривичниот суд попладнево продолжи испитувањето на поранешниот претседавач на Собранието, Трајко Вељаноски, во својство на сведок предложен од обвинетиот...

Крвав четврток5 часа

Игор Југ го праша Вељаноски за албум на „Металика” – Дали политичарите беа господарите, а ние што скапуваме по затвори сме куклите?

Обвинетиот Јане Ченто, пред да му постави прашање на експретседавачот на Собранието Трајко Вељаноски, рече дека некои калкулираат со човечки...

Македонија5 часа

(Видео) Клинички со закана до Шилегов поради поскапиот паркинг за вработените

Платите на вработените во Клиничкиот центар неодамна им беа зголемени за околу 5 отсто, а вчера градоначалникот на Град Скопје,...

Македонија6 часа

(Видео) Димовски до Тевдовски: Престанете со арогантниот однос кон Собранието

Министре Тевдовски, до кога ќе го практикувате овој арогантен однос кон Собранието? Ја напуштате дебатата без збор. Со овие зборови...

Крвав четврток7 часа

Немате поим што се случувало на 27 април, му кажа обвинителката на сведокот кој го предложи Душко Лазаров

На денешното рочиште за судењето за 27 април прв од дополнителните сведоци сведочеше Тони Алексовски, сведок кој го предложи обвинетиот...

Македонија7 часа

На судењето за „Тортура“ се емитуваат телевизиските прилози од 2011

На денешното рочиште за случајот „Тортура“, во кој првообвинет е Сашо Мијалков, во судот се презентираат снимки од дневникот на...

Македонија8 часа

(Видео) Активистката Моника Ристеска осудена на две години условна казна

Активистката Моника Ристеска денеска на првото судско рочиште беше осудена на две години условна казна за сторено кривично дело „неовластено...

Европа9 часа

Туск: В четврток самит на ЕУ за брегзит, нови преговори нема

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, вчера изјави дека за в четврток, на првиот ден од самитот на ЕУ во...

Свет10 часа

Руската шпионка Марија Бутина уапсена во САД призна вина

Марија Бутина, која е обвинета од американските власти дека е руски шпион и дека се обидува да влијае на политиката...

Економија11 час

Од денеска поевтини горива на бензинските

Од ноќеска на полноќ бензините поевтинија за 1,5 денар, а дизелот за 2,5 денари. Со новата одлука на Регулаторната комисија...

Европа21 час

(Видео) Макрон најави зголемување на минималната плата и даночни олеснувања

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во долгоочекуваното обраќање до јавноста вети зголемување на минималната плата и даночни олеснувања в година....

Македонија1 ден

Вработени во Министерството за локална самоуправа биле ангажирани како експерти и добиле 36.000 евра

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против четири лица, и тоа Љирим Шабани, поранешен министер...

Македонија1 ден

Кривична пријава против Тодоров и Кралев – осомничени се дека го оштетиле буџетот за 80.000 евра

Поранешните министри за образование и наука, Никола Тодовор и Панче Кралев, се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластувањето...

Македонија1 ден

Имотот на Камчев во Русија, Бугарија и на Бахамите – пречка да излезе од притвор

Фирми во Русија, Бугарија, Холандија, Косово, Србија и Хрватска и офшор компании во даночните раеви се само дел од имотот...

Македонија1 ден

Советот одлучи: Вработените на клинички ќе плаќаат двојно поскап паркинг

Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои Одлуката за изменување и дополнување на ценовникот на услугите што ги...

Топ1 ден

Забелешки за нацрт-законот за амнестија, работната група се консултира

За помалку од еден час заврши состанокот на Работната група за помирувањето, каде во фокус на средбата беше нацрт-верзијата на...

Крвав четврток1 ден

Кацарска до Димитриевски: Каков професионалец сте кога не може да се сетите на ниту една команда од Чавков

Судијката Добрила Кацарска, која го води случајот за 27 април по сведочењето на Никола Димитриевски, поранешно обезбедување на ексдиректорот на...

Досие