Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог-закон за поврат на парите на граѓаните кои се вакцинираа во Србија

Објавено пред

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог-закон за поврат на парични средства потрошени за имунизација против коронавирусот во Србија, по скратена постапка.

Како што појасни Дафина Стојаноска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, овој предлог-закон ги уредува начинот и условите за остварување на право на поврат на средства за реални трошоци направени во Србија.

„Според податоците објавени од српските власти само во март во Србија се вакцинирале околу 15.000 македонски граѓани. Бесплатната вакцинација за македонските граѓани продолжи и во јуни и сè уште трае, а според податоците овие бројки до денес се зголемени за двојно повеќе па податоците покажуваат дека во Република Србија до половината на месец јуни се вакцинирале повеќе од 30.000 македонски граѓани“, рече Стојаноска.

Со оглед на тоа дека според Уставот е загарантирано правото на здравствена заштита и граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите, додаде таа, Владата беше должна процесот на имунизација да го почне многу порано.

Според Стојаноска, има и група на граѓани коишто се вакцинирале и во други соседни земји и тие граѓани преку амандмански интервенции во законот ќе бидат опфатени во повратот на средствата за имунизација.

Таа ги повика пратениците од парламентарното мнозинство и од останатите опозициски партии да дадат поддршка на овој закон.

Македонија

Maкедонците сè уште се вакцинираат на белградскиот саем

Објавено пред

Македонските граѓани и понатаму се вакцинираат на белградскиот саем.

„Меѓу 300 и 500 граѓани се вакцинираат дневно на саемот во Белград, а забележлива е и тенденцијата на мало зголемување на интересот на граѓаните за имунизација против коронавирусот“, изјави денеска координаторката на пунктот на саемот, Светлана Мишиќ.

Рече дека помеѓу 600 и 800 лица се вакцинираат на саемот за време на викендите, а половина од нив се државјани на БиХ и Северна Македонија.

Вакцините на „Фајзер“, „Астра зенека“, на „Синофарм“ и вакцината „спутник“ им се достапни на граѓаните на саемот, а контролниот пункт е отворен секој ден од 8.30 до 15.30 часот.

Минатата недела беше објавено дека за време на викендот над 200 Македонци се вакцинирале со прва или втора доза во Врање, што е повеќе од српските државјани што дошле да примат вакцина во тој здравствен дом.

Прикажи повеќе...

Македонија

Напад врз новинар ќе се смета како напад врз службено лице, се воведува и кривично дело демнење

Објавено пред

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, објави дека во Владата поминале измените на Кривичниот законик, со кои заштитата на медиумските работници и на жените се издигнува на многу повисоко ниво.

Според министерот, овие измени ќе придонесат за намалување на случаите за напади и закани кон новинари.

„Во иднина нападот врз медиумските работници ќе се третира исто како напад врз службено лице. Воведуваме строги казни за закана за напад врз новинари. Дополнително, во иднина Обвинителството ќе постапува по службена должност при вакви случаи. Ова беше едно големо барање на здруженијата на новинарите, чии претставници активно учествуваа во работната група која ги подготвуваше измените на Кривичниот законик“, изјави Маричиќ.

Дополнително, преку имплементација на Истанбулската конвенција законски се допрецизира заштитата на жените и се внесуваат нови кривични дела, кои досега кај нас не постоеле, а со нив законски се штитат жените од вознемирување и напади.

„Со новото дело демнење предвидуваме строги санкции за вознемирување и преку интернет, нешто што, за жал, се случува сè почесто. Сега тој што неовластено ќе следи, прогонува или на друг начин се меша во личниот живот на друго лице или со него воспоставува или се обидува да воспостави несакан контакт, со движење во просторот каде што се наоѓа тоа лице, со злоупотреба на личните податоци, со користење средства за јавно информирање и други средства за комуникација или на друг начин психички го малтретира, вознемирува или застрашува, ќе се казни со глоба или со затвор до три години“, потенцира Маричиќ.

Министерот на прес-конференцијата објави и измени на повеќе закони, меѓу кои и на Законот за граѓанската одговорност, со кој значително се намалува висината на казните што медиумите и новинарите би ја платиле како отштета за клевета и навреда. Од максимални 2.000 евра, со измените оваа сум се спушта до максимални 400 евра.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев по повод 20 години од Рамковниот договор: Успешна историја благодарение на партнерите ЕУ, САД и НАТО

Објавено пред

Владата денеска одржа тематска седница посветена на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор.

Во своето обраќање на седницата премиерот Заев потенцира дека оваа значајна годишнина се совпаѓа и со 30-годишнината од независноста на нашата земја, со 80-годишнината од народното востание и 20-годишнината од потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација како наш прв чекор во остварувањето на целта за членство во Европската Унија.

Премиерот потсети дека една од првите приоритети на листата на новоформираната влада во 2017 година било заокружувањето на нормативниот дел, кој произлегувал од Охридскиот договор.

„Тогашната влада, во која министри беа и поголем дел од овој актуелен состав, ја исполни обврската, која непотребно се одолжуваше од сите претходни влади и го донесе Законот за употреба на јазиците. Со Законот за употреба на јазиците, како и со сите други законски измени и подзаконски акти за правична застапеност, се заокружија одредбите од Охридскиот рамковен договор, кој беше потпишан на 13 август во 2001 година и со кој се стави крај на конфликтот и кој беше прифатен како гаранција дека сите прашања од интерес на заедниците во нашата земја ќе се решаваат преку дијалог и во институциите“, истакна Заев.

Премиерот нагласи дека Охридскиот договор ставил крај на конфликт, кој со себе понел и жртви и кој спречил, како што рече, нашата заедничка татковина да стане место на продолжен конфликт и на општество без надеж за мирен живот.

„Во моменти кога соживотот и меѓуетничката толеранција беа ставени на најголемиот тест покажавме дека ние проблемите ќе ги решаваме преку институционалниот систем и никако поинаку. Покажавме дека сакаме да живееме сложно и обединетo, да напредуваме сите заедно. И сето тоа беше постигнато во тесно партнерство со Европската Унија, Соединетите Американски Држави, НАТО и ОБСЕ. Денес тоа е и нивна успешна историја, што заеднички ја одбележуваме“, рече Заев.

Со Охридскиот рамковен договор, додаде тој, нашата држава е постабилна и побезбедна, со загарантирана меѓуетничка толеранција и посилна социјална кохезија. Заедно се развиваме како држава во која шансите за благосостојба се еднакви за сите како членка на НАТО и идна членка на ЕУ.

„Се определивме за политики што ја градат Република Северна Македонија како граѓанска држава на сите што живеат во неа: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници. Прифативме дека Македонците како мнозински народ во нашата земја имаат одговорност да креираат политики и атмосфера за негување, заштита и унапредување, афирмација и поддршка на употребата на сите други јазици на припадниците на граѓаните што живеат во нашата земја“, потенцира премиерот.

„Нашата определба да градиме и негуваме општество еднакво за сите, нашата цел да изградиме граѓанско општество, истовремено со почит кон социјалните, етничките, националните, верските и културните разлики е посебноста и суштината на нашето заедништво.

Тоа заедништво што се градеше со векови за нас претставува обврска за нашата заедничка иднина“, истакна Заев.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, во своето обраќање истакна дека одбележуваме годишнина на еден значаен документ, кој, како што рече, донел мир, ги променил Уставот и општеството и ги отворил евро-атлантските перспективи.

Груби информира дека во организацијата на Владата со оваа тематска седница почнуваат низата настани со кои ќе се одбележува 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор со слоганот „По Охрид“.

По серијата активности во повеќе градови, во кои ќе бидат вклучени повеќе институции, централниот настан ќе се одржи на 13 август, на денот кога е потпишан Охридскиот рамковен договор.

На тој настан, организиран во соработка со Универзитетот „Колумбија“ од Њујорк, е потврдено учеството на државниот врв, но и на пријателите од меѓународната заедница и на протагонистите што учествуваа во процесот на постигнување на Охридскиот рамковен договор, како што се Питер Фејт, Дејвид Слин, Роберт Сери, Бренда Пирсон, Пол Вилијамс, Дејвид Филипс и други.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 часа

Maкедонците сè уште се вакцинираат на белградскиот саем

Македонските граѓани и понатаму се вакцинираат на белградскиот саем. „Меѓу 300 и 500 граѓани се вакцинираат дневно на саемот во...

Македонија14 часа

Напад врз новинар ќе се смета како напад врз службено лице, се воведува и кривично дело демнење

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, објави дека во Владата поминале измените на Кривичниот законик, со кои заштитата на медиумските работници...

Македонија15 часа

Заев по повод 20 години од Рамковниот договор: Успешна историја благодарение на партнерите ЕУ, САД и НАТО

Владата денеска одржа тематска седница посветена на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Во своето обраќање на седницата премиерот Заев потенцира...

Македонија16 часа

Дејан Георгиевски ѝ донесе олимписко сребро на Македонија

Дејан Геoргиевски го прекина 20-годишниот пост на Македонија и од Олимписки игри ќе го донесе досега најблескавиот медал во 30-годишната...

Македонија16 часа

Регистрирани 39 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.839 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на...

Македонија19 часа

Заев: 17 октомври е датумот за локалните избори

И покрај дилемите за тоа дали кампањата за локалните избори ќе се поклопи со претстојниот попис, премиерот Зоран Заев денеска...

Европа19 часа

(Видео) Силна експлозија го потресе Леверкузен: Жителите добиле предупредување за екстремна опасност

Силна експлозија ги потресе куќите во германскиот град Леверкузен. Снимките од социјалните мрежи покажуваат како се крева огромен облак од...

Македонија20 часа

Само 0,02 отсто од вакцинираните со две дози во Македонија заболеле од коронавирус

Вкупно 92 лица од 330.000 кои се ревакцинирани заболеле со коронавирус, објави министерот за здравство, Венко Филипче. Ова, додаде тој,...

Европа20 часа

Во ЕУ вакцинирани 70 отсто од возрасните, две дози примиле 57 отсто

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека целта од 70 проценти вакцинирани од возрасните лица во Европската...

Спорт20 часа

Георгиевски обезбеди сребро на ОИ во Токио

Дејан Георгиевски избори пласман во финалето на олимпискиот турнир во таеквондо, во категоријата над 80 килограми. Во полу-финалето, Георгиевски го...

Македонија22 часа

Спасени планинари од Чешка на Шар Планина

Група планинари од Чешка вчера вечер се спасени од Шар Планина. Тие залутале, а околу 18 и 30 часот се...

Свет1 ден

(Видео) Песочна бура проголта град во Кина

Песочна бура висока речиси 100 метри зафати град во северозападна Кина, при што целиот град остана покриен со прашина. На...

Европа1 ден

Украинскиот напад ќе заврши со колапс, одговори Русија по изјавите за нова офанзива на Киев

Коментирајќи ја позицијата на поранешниот заменик-министер за привремено окупираните територии на Украина, Јуриј Гримчак, кој повика на подготовка на армијата...

Европа1 ден

Стапката на заразени од коронавирус во Европа се зголемува, предупредува СЗО

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека стапката на ширење на коронавирусот е забрзана во некои европски земји, пренесуваат светските...

Европа1 ден

(Видео) Јужна Европа се бори со пожари, најлошо е во Грција и Италија

Шумските пожари, потпомогнати од горештините и силните ветрови, денеска зедоа замав во јужна Европа, а некои северни земји ги расчистуваат...

Регион1 ден

Радев: Нема да дозволиме кршење на правата на Бугарите во Северна Македонија

Бугарија е најсилниот поддржувач на проширувањето на ЕУ, но не може да дозволи кршење на правата на граѓаните на Република...

Македонија2 дена

Двајца починати и 10 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 10 нови случаи на коронавирус, две лица починаа, а 16 пациенти оздравеа,...

Економија2 дена

Поевтинуваат горивата

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 и за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија2 дена

(Видео) Јанакиески за притворот: Ова е малтретирање и изживување со човекови судбини

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, по објавувањето на пресудата за „27 април“ со која беше осуден на 6...

Македонија2 дена

Пресуда за Вељаноски, Ристовски, Јанакиески и Атанасовски – осудените плански го организирале упадот со цел да се зачува власта

Судот ги изрече пресудите за организаторите за упадот во Собранието на 27 април –  поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е...

Досие