Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Покачувањето на парното значи околу 4.000 денари повеќе за еден двособен стан

Денешната одлука на РКЕ за поскапување на парното за речиси 15 проценти е резултат на неспособноста и крадењето на Ковачевски да обезбеди поевтин гас за потребите на државата, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата коментираат дека ова покачување значи околу 4.000 денари повеќе за парно за еден двособен стан, а и над 6.000 денари повеќе за семејствата со трособен или поголем стан.
„Народот ја плаќа неспособноста на Ковачевски, но и неговата желба за криминал преку енергетскиот сектор. Затоа и ЕЛЕМ ќе биде претпријатието кое ќе управува со производството и дистрибуцијата на топлинска енергија, на чие чело е Васко Ковачевски, чија неспособност веќе ја чини Македонија над 250 милиони евра годишно, на име увоз на скапа струја.
Димитар Ковачевски како премиер не успеа да обезбеди еден енергенс по нормални цени, ниту струја, ниту гас, ниту мазут, ниту јаглен.
Не само Србија, туку и Унгарија, Австрија, Германија, Италија, и сите други европски земји плаќаат поевтин гас од Република Македонија.
Со СДСМ и Димитар Ковачевски зимата ќе биде долга и тешка, а народот ќе ја плаќа нивната неспособност и криминал“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нови 693 позитивни на Ковид 19, починати се две лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1.480 тестови, а регистрирани се нови 693 случаи на КОВИД-19: Скопје – 255, Битола – 49, Куманово – 44, Кавадарци – 42, Охрид – 32, Прилеп, Велес и Струмица – по 27, Тетово и Штип – по 24, Гевгелија и Радовиш – по 20, Гостивар – 16, Кочани и Делчево – по 12, Неготино – 10, Кичево и Струга – по 8, Ресен – 7, Крива Паланка и Берово – по 5, Свети Николе и Валандово – по 4, Кратово – 3, Виница, Богданци и Демир Капија – по 2, Пробиштип и Крушево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (693), регистрирани се 170 реинфекции.
Регистрирани сe 826 оздравени пациенти од: Скопје – 431, Струмица – 56, Битола – 49, Куманово – 39, Прилеп – 30, Тетово – 28, Велес – 23, Кавадарци и Гевгелија – по 21, Штип – 20, Гостивар и Кичево – по 17, Неготино и Ресен – по 15, Радовиш – 14, Кочани – 6, Валандово – 5, Богданци – 4, Крива Паланка, Кратово и Демир Хисар – по 3, Свети Николе и Виница – по 2, Струга и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица, од Скопје (77г) и Богданци (77г). Двете лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Направени се 1.480 теста преку: ИЈЗ-199, ЦЈЗ Скопје-80, ЦЈЗ Битола-64, ЦЈЗ Прилеп-16, ЦЈЗ Тетово-35, ЦЈЗ Куманово-55, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–143, Жан Митрев (Филип Втори)-15, Авицена-26, Биотек-68, Систина-47, лабораторија Лаор-9, Синлаб-7, Ремедика-11, Плодност-5, Генеа-7, Никоб Лаб-41, ВФВ Медикал-3, Ели Медика Плус-6, Ројал Медика–4, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 623.
Досега во земјата се направени вкупно 2.131.728 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 333.360, бројот на оздравени пациенти е 319.717, на починати е 9.400, а бројот на активни случаи изнесува 4.243.
Македонија
Арсовски: Во Скопје сум, да не ме мислат од СДСМ, сликата е од поодамна

Гледам ме споменуваат СДСМ на прес-конференции дека сум на одмор во моментов, да не ме мислат, не сум на одмор, во Скопје сум долго време со работни обврски и тоа го знаат и самите бидејќи молчеа за цензурата на нивната министерка за која ги прозивав изминатиов период, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, по информацијата од СДСМ дека тој летува на Монте Карло.
„Имено, да, се работи за слика од поодамна годинава и бидејќи ги интересира моето патување таму, еве ќе им објаснам. Бев на приватно патување со семејството на гости кај најблиски роднини од потесното семејство на мојата сопруга (нејзин дедо, татко на нејзин родител) кои живеат во Франција и сакаа да си го видат правнукот (син ми), бидејќи се повозрасни и со ковид-кризата и нивната возраст не го имаа видено откако се роди. Бидејќи живеат повеќе од 50 години во Франција и стекнале имот таму, летниот период си го поминуваат кај нив, секогаш изминативе 20 години, на местата кои ги споменуваат господава од власта дека сум ги посетил. Ако толку ги интересира, бидејќи на таа локација бев неколку денови и тоа на гости кај дедо на сопругата, морам да им потенцирам дека не потрошив повеќе отколку еден просечен одмор на кој било функционер на власта и СДСМ“, вели Арсовски.
„Но, сликата од мене и сопругата во моментов на СДСМ им е поважна за да се дефокусира целата јавност од реалните проблеми, а тоа се:
– историски најлошо менаџирање на власта
– историски највисок степен на корупција
– распродавање на национални интереси
– штетен протокол со Бугарија
– наместени тендери од прв до последен за провизии на луѓе блиски од СДСМ
– најзадолжена држава во регионот
– најнеуспешна Влада што постоела
– историски најниска доверба во судството од 8%
– покачувањето на даноците, инфлацијата и задолжувањето
– илјадници починати поради лошо здравство, од кое се обогатија со провизии крвавите раце на СДСМ
Никогаш не сум имал намера да се објаснувам за ништо, но во моментов го правам тоа затоа што се работи за дефокус и лага дека сум во моментов таму на одмор и дека се работи за луксуз и бидејќи мислам дека јавноста заслужува да знае кај сум бил, иако не сум носител на никаква државна функција и никогаш не сум бил и иако ова што го пишувам, тие што ме познаваат го знаат уште од моментот кога сум во брак“, додава Арсовски.
Ако мојата посета кај роднини е потрагична од сè што се случува во државава, додава тој, тоа е доволен показател дека власта дефокусира од реалните проблеми.
„И, да, со напади кон мене лично и моето семејство во обид за деградирање без ниту еден аргумент, во ниту еден случај нема да ме замолчат.
Затоа, од сега најавувам, многу набрзо јавноста ќе дознае за уште еден криминал на власта, криминал кој го имаат направено криминалците од СДСМ.
Мојот одмор чинеше ич пари, за разлика од милионите евра кои ги украдовте од народот, на криминален начин порадо кој ќе продолжам да се борам за да одговарате.
Воедно да им порачам да не бидат лицемери колегите од СДСМ, ваквите хајки што ги нарачуваат против мене ги нарачуваат од луксузните плажи и луксузни хотели, платени со парите на народот. Има разлика нели?“, прашува Арсовски.
Македонија
Делегациja од кабинетот на Пендаровски им оддадe почит на осумтемина армиски резервисти загинати кај Љуботенски Бачила

Делегациja од кабинетот на претседателот на државата, во состав полковник Билјана Блажеска, аѓутант на претседателот, и Валентин Диневски, посебен советник за безбедност, по повод 21-годишнината од загинувањето на осум армиски резервисти кај месноста Љуботенски Бачила, денеска положи цвеќе пред спомен-обележјата во општина Ѓорче Петров и во Волково, пред спомен-обележјето во село Љубанци и во касарната „Илинден“ во Скопје.