Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Поради пожар, запрено снабдувањето со јаглен во РЕК Битола

Објавено пред

Неспособноста и неодговорноста на криминалниот картел на власт на чело со Зоран Заев излегува на површина. Недозволиво е најголемиот производител на електрична енергија во државата да е вон употреба половина ден. Повеќе од половина ден РЕК Битола воопшто не била функционална. Единствениот активен, од трите блока во РЕК Битола вчера испаднал од мрежа, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Незнаењето на картелот на власт во текот на вчерашниот ден предизвика и прекин во дотурот со јаглен за термоцентралата. Имено поради пожар на една од постројките во рудникот на РЕК Битола снабдувањето со јаглен било запрено. Додека државата економски пропаѓа, криминалниот картел во врвот на власта ги дефокусира граѓаните“, се вели во соопштението.

Според опозициската партија, отворање на нови работни места и нови странски инвестиции нема. Се вработуваат синови, ќерки, сопрузи и други блиски и далечни роднини на функционерите од власта. Растот на БДП за минатата година е 0% и сме последни во Европа и во регионот. Постојано власта на СДСМ не задолжува а капиталните инвестиции нема.

„Наместо просечната плата да биде 30.000 денари, таа оди надолу. Нема повисоки пензии и 100 илјади денари плата за докторите. Не изградија ниту еден километар автопат а ветија дури 600. Институциите се злоупотребуваат и се користат за политички пресметка. Правната држава е девалвирана и не се почитуваат законите. Ова беззаконие мора да запре. Граѓаните заслужуваат стабилни институции и правна држава. Овој криминален картел не смее да продолжи да ја управува државата. Граѓаните заслужуваат подобро. Криминалниот картел наречен СДСМ не знае да работи. Државата и граѓаните трпат директни загуби. Оваа ненародна власт мора да си замине. Граѓаните заслужуваат подобро“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија

По ГТЦ, со графити ќе се разубавува и катната гаража „26 јули“

Објавено пред

Младински културен центар распишува повик за избор на 6 авторски цртежи, кои ќе се реализираат во рамки на проектот „Градот убав или Skopje street and art gallery 2“.

Повикот е отворен за домашнитe ликовни уметници и автори од полето на уличната и графити уметност.

„По одлично реализираната прва галерија на отворено во рамки на еден од најзначајните објекти од современо Скопје – Градскиот трговски центар, ја продолжуваме оваа иницијатива за создавање на втора таква галерија, која ќе се реализира во катната гаража ’26 Јули’“, информираат од МКЦ.

За учество на повикот, заинтересираните треба да достават по електронски пат портфолио со претходно реализирани мурали на или во слични манифестации и опционално нивната замисла (скица) за посочениот простор.

Активностите ќе се реализираат од 20-22 декември 2019 година.

„За реализација на делата е предвидена временска рамка од 3 дена, на еднакво распределени површини / 1 x (10m x 2.5m) + 2x (2x 2.5 m) /. Организаторот за потребите на проектот ќе обезбеди материјали за изработка на делата, храна и пијалоци во текот на работењето, фотодокументација и архивирање, како и еднакви хонорари за авторите согласно обезбедените средства“, се наведува во соопштението на МКЦ.

Материјалот електронски може да се достави најдоцна до 10 декември годинава, на адресата: [email protected] со наслов на пораката: Име и презиме / Skopje street and art gallery 2.

Организаторот на 12 декември јавно ќе ги објави резултатите.

Од МКЦ нагласуваат дека нема да бидат разгледувани скици со недолична содржина, дискриминаторски пораки и навреди на која било основа.

Прикажи повеќе...

Македонија

В понеделник јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред

Објавено пред

Во понеделник (9.12.2019 година) кој е неработен ден поради државниот празник 8 Декември („Св.Климент Охридски“), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Жичарницата на Водно ќе работи со вообичаено работно време за овој период од годината, односно од 10 до 17 часот. Последното возење од доле нагоре ќе биде во 16-16.30 часот, а последно возење од горе надоле ќе биде во 16.45 часот.

Дежурни ќе бидат три билетарници:
Транспортен центар 7-19.30 часот
Зелено пазарче 7-19.30 часот
Ѓорче Петров 7-13 часот

Прикажи повеќе...

Македонија

Дескоска на средба со генералниот секретар на Советот на Европа

Објавено пред

Во текот на вчерашниот ден во Стразбур, министерката за правда Рената Дескоска оствари официјална средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ.

На средбата, министерката за правда во име на Владата го потпиша Протоколот за измена на Конвенцијата за заштита на лица во однос на автоматска обработка на лични податоци (CETS бр.223). Потпишувањето е историски момент за Северна Македонија, бидејќи за прв пат се потпишува конвенција во Советот на Европа под новото име, директно, без размена на писма.

Република Северна Македонија е 37 земја потписничка на протоколот со кој се врши модернизација на Конвенцијата за заштита на лица во однос на автоматска обработка на лични податоци (ETS 108) и на Дополнителниот Протокол кон Конвенцијата за заштита на поединците во поглед на автоматска обработка на лични податоци, во врска со надзорните тела и прекуграничниот пренос на податоци (ETS No.181), како и зајакнување на нивната примена.

Со модернизацијата на Конвенцијата 108 од 1981 година, нејзините оригинални принципи беа реафирмирани, некои се зајакнати, но утврдени се и нови заштитни мерки: Тие треба да се применуваат на новaта реалност на он-лајн светот, а новите практики доведоа до признавање на нови принципи во областа. Принципите на транспарентност, пропорционалност, одговорност, минимизирање на податоците, приватност по дизајн, итн., сега се признати како клучни елементи на механизмот за заштита и се интегрирани во модернизираниот инструмент.

Имајќи ги во предвид новите предизвици за заштитата на лицата во однос на обработката на личните податоци, како и фактот дека целта на модернизацијата која се врши со Протоколот е што подобро да се реагира на предизвиците во областа на приватноста кои произлегуваат од зголемената употреба на новите информациско/информатички технологии и глобализацијата во однос на обработката на личните податоци, се оцени дека е целисходно и од интерес за Република Северна Македонија да се пристапи кон потпишувањето на Протоколот за измена на Конвенцијата за заштита на лица во однос на автоматска обработка на лични податоци (CETS 223), соопшти Министерството за правда.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

Камчев: Не се само Катица и Боки 13, треба да има и други обвинети за „Рекет“

Веќе час и половина сведокот бизнисмен Орце Камчев го дава својот исказ во судот за случајот „Рекет“. Тој, освен кон...

Македонија2 часа

Боки 13 се пожали на здравствената состојба, судијката го опомена дека ќе го извади од судницата

Судијката Васка Николовска-Масевска му рече на обвинетиот Бојан Јовановски, алијас Боки 13, дека ќе го извади од судницата ако говори...

Свет3 часа

Франција втор ден парализирана поради штрајкот

Втор ден продолжува штрајкот во Франција. И денеска нарушен е јавниот превоз, а училиштата се затворени. Синдикатите најавија дека планираат...

Свет3 часа

Меркел во прва посета на Аушвиц, ќе донира 60 милиони долари за Меморијалот

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска за првпат ќе го посети Меморијалот Аушвиц-Биркенау, откако ја презеде функцијата пред 14 години. Меркел...

Свет4 часа

150 пожари ја пустошат Австралија

Пожарникари се обидуваат да ги стават под контрола 150-те пожари во Нов Јужен Велс додека силни ветрови го шират чадот...

Свет4 часа

Пентагон размислува да испрати неколку илјади војници на Блискиот Исток

Министерството за одбрана на САД размислува за дополнително распоредување на 4-7 илјади војници на Блискиот Исток за да се спротивстави...

Македонија4 часа

Во кривичниот суд пак ќе се оценува обвинението за организаторите на насилниот упад во Собранието

Во кривичниот суд по вторпат ќе се оценува обвинителниот акт за организаторите на насилниот упад во Собранието од 2017 година...

Свет4 часа

Туск: Брегзит е најтажното искуство за време на мојот мандат

Брегзит е една од најспектакуларните грешки во историјата на Европската Унија, вели Доналд Туск во интервју за „Гардијан“, што е...

Македонија4 часа

Продолжува судењето за „Рекет“, ќе сведочат Орце Камчев и неговата сопруга

Бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана Камчева денеска треба да се појават во кривичниот суд во Скопје како сведоци...

Европа15 часа

Над половина милион луѓе протестираа во Франција, сообраќајот во колапс

Повеќе од 510.000 демонстранти излегоа на улиците на 70 града во Франција во знак на протест против најавените пензиски реформи...

Свет20 часа

САД со обвинение против руски хакери кои во своите операции украле над 100 милиони долари

Американските власти денеска покренаа обвинениe против лидерот на руската криминална група за компјутерски криминал позната како Evil Corp „Зла корпорација“...

Македонија21 час

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во...

Македонија22 часа

Обвинение за судијата Мустафа Шахини за злоупотреба на службената положба

Управниот судија Мустафа Шахини наскоро треба да седне на обвинителна клупа во предметот за злоупотреба на службената положба и овластување...

Македонија23 часа

Собранието ќе одлучи дали треба Јовески да го преземе СЈО

На 11 декевмри на собраниската седница ќе се најдат измените на Законот за јавнообвинителска служба со кој треба да се...

Македонија1 ден

(Видео) Деспотовски: За жал, изборите ќе ги пролонгираат грантовите од Фондот за иновации

Изборите ќе ги пролонгираат грантовите што ги доделува Фондот за иновации и технолошки развој, најави Јован Деспотовски во интервју за...

Култура1 ден

„Медена земја“ е најдобриот документарец за 2019 според критичарите во Њујорк

Американската организација на филмски критичари од Њујорк „New York Film Critics Circle (NYFCC)“ синоќа ја додели наградата за најдобар документарен...

Регион1 ден

Радев: Во НАТО државите се поделени на произведувачи и купувачи

Бугарскиот претседател Румен Радев им порача на лидерите на земјите членки на НАТО дека иднината на алијансата не ја гледа...

Свет1 ден

Макрон: Прашајте ги Србите дали им се промени животот со отворањето на поглавјата

Францускиот претседател уште еднаш повтори дека е против отворање пристапни преговори пред реформите на преговарачкиот процес. Како што објасни Макрон,...

Македонија1 ден

Казна за загадувач кој фрли отпадни води во Бардовци

Со глоба во износ од 50 евра, казнето е физичко лице, за сторен прекршок – испуштање на отпадни води на...

Свет1 ден

Милиони работници на генерален штрајк во Франција, не работи транспортот и училиштата

Французите претрпуваат сериозен хаос и нарушувања во транспортот, бидејќи милиони работници се заканија дека ќе штрајкуваат во знак на протест...

Досие