Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не се крие зад ДУИ, ја ограбија државата, од просечни граѓани станаа милионери, а сега бараат начин како да не одговараат
СДС да не се крие зад ДУИ, ја ограбија државата од просечни граѓани станаа милионери, а сега бараат начин како да не одговараат, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштние.
„Али Ахмети можеби е загрижен за внуците кои влегоа во милионски бизниси, без денар, а сега кога треба да дадат одговор како, повикува на меѓународен ветинг и заговара дестабилизација на државата.
И Али Ахмети и СДС не бараа меѓународен ветинг кога МЕПСО му отпиша долг на синот на Муса Џафери и уште неколку фирми блиски до нив од 14 милиони евра. Немаше барање за меѓународен ветинг ниту кога братот на Филипче со Вице Заев влезе во бизнисот со струја.
Доаѓа време кога од СДС и ДУИ треба да кажат како Заевци и Филипче станаа милионери, како влегоа во бизниси со струја, како Артан Груби бркаше подизведувачи на патишта.
СДС и ДУИ знаат дека доаѓа време за одговори, зошто промените се случија, а од одговорност никој не може да избега.
Се ќе биде ставено на виделина, бидејќи народот заслужува да знае кој и како ја ограбувал државата. Кој полнел торби, додека народот преживувал.
Никакви сценарија кои ги коваат Филипче и Ахмети нема да ги спасат од одговорност за ограбената држава“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Учество на министерот Муцунски на конференцијата „Медитерански дијалог“ во Рим
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре престојува во работна посета на Рим, Италија, на покана на италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани.
Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе учествува на 10-то издание на годишната конференција „Медитерански дијалог“ (Rome MED Dialogues), каде ќе има обраќање на панелот под наслов „Нова Европска комисија, стари европски приоритети“.
Дополнително, на маргините на конференцијата министерот Муцунски ќе се сретне со својот египетски колега – министерот за надворешни работи, Бадр Абделату и со сенаторот Џулио Терци ди Сант’Агата.
Македонија
Утрото студено, преку денот сончево со слаб ветер
Утрото ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје утрото студено, во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура. Во петок кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд.
Скопје
Без струја делови од Аеродром и Гази Баба
Од ЕВН Македонија добиено е известување дека поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· Од 08:30 до 12:30 часот корисниците од дел од булеварот 3та Македонска Бригада – кај ресторан Дион во општина Аеродром;
· Од 08:30 до 11:00 часот корисниците од дел од улицата Гемиџиска во општина Гази Баба.