Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да најде простор за поддршка на одлуката за поголеми плати
Како и секогаш до сега кога се во прашање важни одлуки како зголемување на платите, СДСМ повторно не може да најде простор за поддршка, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека очигледно е дека повеќе би сакале да молчат, отколку да признаат дека нашата влада презема вистински чекори.
„Шегата на страна, ВМРО-ДПМНЕ сериозно се грижи за граѓаните и затоа ја донесе одлуката за зголемување на платите, за подобрување на животниот стандард на сите. Ова е важен чекор кој СДС, наместо да го игнорира, треба да го поддржи за доброто на народот. Молкот на СДС е уште еден доказ за нивната неодговорност и недостиг на визија. Граѓаните заслужуваат повеќе, заслужуваат одговори и дела, а не плитки избрзани критики во слабост од луѓе кои за 7 години буквално ја уништија државата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Центар денес без вода
Без вода од 08:30 часот до завршување на дефектот ќе бидат корисниците на дел од улица „Димитрие Чуповски“ во Општина Центар.
Прекинот, како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, е поради уличен дефект Ф-100 мм на крстосницата на улицата „Димитрие Чуповски“ и булеварот „Св.Климент Охридски“.
Македонија
Сончево време со температури до 25 степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 22 степени.
Во наредните денови од УХМР најавуваат период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Наутро ќе биде посвежо, а од средината на работната недела и со услови за појава на утринска магла.
Македонија
В понеделник ќе продолжи судењето за убиството на Вања и Панче
Велешанецот Боре Видевски, еден од обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски е вратен во Истражниот затвор Скопје. Тој поради влошена здравствена состојба кон крајот на минатиот месец беше пренесен на болничко лекување.
Поради хоспитализацијата на Видевски, Основниот кривичен суд Скопје ги отповика рочиштата за судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски кои беа закажани за минатата недела, информирајќи дека судењето продолжува на следниот закажан термин на 14 октомври.
Судењето за убиството на Панче и Вања почна на 20 септември. Им се суди на првообвинетиот Љупчо Палевски, како и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа најдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.