Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски, наместо да замајува јавност, нека каже за колку го продава Карпош
Стевчо Јакимовски ја призна својата неспособност со тоа што е единствен градоначалник во светот кој бара да му се одземат ингеренциите за да му помине криминална зделка, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изнесените ставови на градоначалникот на општина Карпопш на „Фејсбук“.
Стевчо Јакимовски, како што велат од партијата на Мицкоски, е единствениот градоначалник во светот, кој за ќар на инвеститор е спремен да ја уништи сопствената општина.
„Јакимовски јасно да каже дали од Ковачевски барал одземање на ингеренциите за да може без одлука на Советот, со одлука на Владата, да се направи бетонизацијата од 600 милиони евра?
СДС и Ковачевски слабо го подготвиле Јакимовски, кој не се откажува од криминалниот план, па наместо конкретни одговори, навредува и клевети. Наместо да замајува јавност, нека каже за колку го продава Карпош“, се истакнува во нивното соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

