Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Уставните судии да ги вратат парите од покачувањата што не им припаѓаат
Уставните судии да ги вратат парите од покачувањата што не им припаѓаат. Додека во земјата народот се бори за живот, тие немаат право да си ги покачат парите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Луѓе умираат и губат животи на постела барајќи донации, а уставните судии спротивно на законот си изгласале покачување на платите за себе. На земјава со водство на Заев не ѝ треба втора пљачка со хонорари како што беше СЈО“, се наведува во соопштението.
Дополнително, велат од ВМРО-ДПМНЕ, уставните судии треба да ги почитуваат Уставот и законите, а не да ги кршат. Според партијата, гласањето на додаток на плата е незаконски.
„Секое покачување на платата или измени во тој дел треба да помине во Собранието, сè друго е кршење на законите. Дали со ваквите додатоци на плата треба да ѝ се угоди на Кацарска, која СДСМ сака да ја избере за уставен судија, па покрај загарантираниот мандат од 9 години, таа треба да добие и повисока плата?! Бараме веднаш да се укине ваквата одлука и Министерството за финансии да не постапува по неа при исплата на платите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

