Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да си поднесе оставка

Министерот за здравство, Венко Филипче, треба да покаже доблест и да си поднесе оставка веднаш, порача ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Според опозициската партија, очигледно е дека Владата и Филипче не се способни да се снајдат во целата ситуација со коронавирусот.
„Од почетокот на пандемијата до сега немаат ниту една добра мерка донесено која вродила со некаков плод. Поради погрешните политики на Филипче и Комисијата за заразни болести во Македонија нема прекин во пандемијата односно поради нив пандемија е во континуитет“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата наведува и дека Филипче нема кредибилитет, го поминал цело лето без да направи подготовки, а не е инвестирано ниту во нови болнички капацитети, во услови за медицинскиот кадар и опрема.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.