Македонија
„Водовод и канализација“ ќе испорачува сметки на рециклирана, еколошка и биоразградлива хартија
Генералниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Душко Весковски, ги презентираше општествено одговорните проекти кои се реализираат во претпријатието.
„Горди сме и среќни што сме прво претпријатие во државата кое ќе испорачува сметки на рециклирана, еколошка и биоразградлива хартија“ – посочи Весковски, најавувајќи го печатењето и дистрибуцијата на редизајнираните сметки на рециклирана, еколошка и биоразградлива хартија.

Станува збор за околу 210.000 сметки кои месечно се испорачуваат до корисниците, односно 2.500.000 сметки кои се потецијален отпад на годишно ниво.
„Освен заложбите за реализација на капитални проекти, ЈП ‘Водовод и канализација’ – Скопје работи и на воспоставување на една поинаква пракса и се надеваме позитивен пример за сите“ – посочи директорот на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, додавајќи дека праксата за употреба на рециклираната хартија за внатрешна и надворешна употреба е започната минатата година.
Бенефитот од замената на хартија произведена од дрво со користењето на рециклирана хартија значи заштеда од 60% на енергија и намалување на потрошувачката на вода за 15%. Преземајќи го овој чекор и со воведување на интернационалниот стандард ISO 14001, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје станува Environmentally friendly претпријатие, а тоа значи претпријатие кое ги исполнува Европските стандарди за заштита на животната средина.
Освен стандардниот начин на добивање и плаќање на сметките, корисниците имаат можност да ги користат и онлајн услугите достапни на веб-страницата: www.vodovod-skopje.com.mk, каде имаат можност да добијат електронска сметка и истата да ја платат преку опцијата плати брзо или како регистриран електронски корисник.
„Наша обрвска е да ја заштитиме животната средина, да ја одржуваме околината чиста, зашто чистата и здрава околина значи чиста и здрава питка вода, што е всушност и нашиот приоритет“ нагласи Весковски. Воедно, тој додаде дека дека ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје започнува соработка со „Пакомак“, како партнер во борбата за подигнување на свеста на граѓаните за значењето на рециклирањето, заштитата, правилната употреба и користење на водните ресурси, имајќи ги предвид климатските промени кои делуваат на секој сегмент во животната средина.
Генералниот менаџер на „Пакомак“, г. Филип Ивановски, изразувајќи го задоволството од остварената соработка со ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје го најави продлабочувањето на истата преку реализација на повеќе проекти од заеднички интерес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

