Контакт

Македонија

„Водовод“ со апел до скопјани: „Воздржете се од полнење базени и полевање бавчи“

Објавено пред

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје апелира до граѓаните на градот Скопје за сериозен пристап кон рационалното користење и употреба на водата.

dobivaj vesti na viber

Од Јавното претпријатие велат дека последиците од климатските промени стануваат дел од нашето секојдневие. Високите температури, кои достигнуваат и до 40 степени, придонесуваат за енормно зголемување на потрошувачката на водата и намалена издашност на изворот Рашче.

„Апелираме граѓаните да се воздржат од полнење базени, наводнување на поголеми зелени површини, полевање ниви и бавчи со водата од градскиот водоснабдителен систем, со единствена цел нормално водоснабдување во секој дел од градот Скопје“, наведуваат од „Водовод и канализација“.

Оттука ги повикуваат сите граѓани кои имаат информација за злоупотреба на водоводниот систем преку диви приклучоци, истите да ги пријават на еден од следните контакти:

– 02 3073 010, Дежурно-информативен центар;
– 02 3240 300, Дирекција
[email protected]
– www.vodovod-skopje.com.mk
– www.facebook.com/jpvodovod.skopje



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

СДСМ: Лагите на ВМРО-ДПМНЕ за Филипче не им помагаат во обидот да ги скријат своите скандали, Филипче нема ни квадратен метар повеќе од претходно

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лаги и дезинформации за претседателот Венко Филипче. Последната лага за наводно непријавени пет станови на Филипче е во серијата глупости кои може да влезат во рубриката „верувале или не“.

dobivaj vesti na viber

Потребата по секоја цена да се измисли скандал без притоа да се проверат основните факти за тоа како функционира пријавувањето на имот, потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ не планира да се занимава со истрага на криминал, туку со оцрнување и секојдневно заморување на јавноста со лаги, стои во соопштението од СДСМ.

„Претседателот Филипче има ист имот и во двата имотни листа, иста квадратура и вредност на имотот. Филипче нема ни метар квадратен повеќе имот и ВМРО-ДПМНЕ ова го знае, но намерно лаже. Разлика која се појавува е заради начинот на пријавување на имотот во ДКСК.

Со новиот начин потребно е да се приложат имотните листови, а не вкупниот имот. Така, становите кои имаат по два имотни листа како споени стамбени единици, сега се прикажуваат како два имоти“, е наведено во напишаното.

Апелираат до ВМРО-ДПМНЕ да престанат, како што велат, да глумат опозиција и слободно да го докажат спротивното.

Прикажи повеќе...

Македонија

Тајани утре во посета на нашата земја: Северна Македонија е клучен партнер во обезбедувањето просперитетна иднина за целиот регион на Западен Балкан

Објавено пред

Вицепремиерот и министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани, утре ќе оствари посета на Северна Македонија и Црна Гора, каде ќе се сретне со државниот врв на двете земји како потврда на континуираната посветеност на Италија за развој, стабилност и стремежот за европската интеграција на регионот на Западен Балкан.

dobivaj vesti na viber

„Западен Балкан е приоритет на нашата надворешна политика на која посветуваме постојано внимание, исто така и на мултилатерално ниво, претседавајќи со групата „Пријатели на Западниот Балкан“, со која повторно ќе се сретнам во Њујорк за неколку дена“, изјави министерот пред посетата. „Со мисиите и бизнис форумите што се одржуваат со сите земји од регионот, отвораме нови патишта за зајакнување на извозот и инвестициите на италијанските компании“.

Во Скопје Тајани ќе се сретне со претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, со претседателот на Собранието Африм Гаши, со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

„Северна Македонија е клучен партнер во обезбедувањето просперитетна иднина и стабилност за целиот регион на Западен Балкан. Работиме на надминување на секоја пречка на патот на Скопје за пристапување кон Европската Унија. Има многу голем потенцијал за дополнително зајакнување на нашите билатерални односи почнувајќи од соработката во стратешките и секторите со висока додадена вредност“, изјави Тајани.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски пред дипломатската академија во Унгарија: истакнати отстапките кои македонското општество ги има направено на патот кон ЕУ

Објавено пред

Во рамките на работната посета на Будимпешта, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати пред студентите и дипломатите од Унгарската дипломатска академија. Во своето обраќање Муцунски се осврна на долготрајниот и посветен процес за пристапување на нашата држава кон ЕУ. Тој посебно ја истакна непрекинатата повеќедецениска посветеност кон процесот, но и бројните и големи отстапки кои македонското општество ги има направено на тој пат.

dobivaj vesti na viber

Свесни за областите во кои постои потреба од дополнителна работа и подобрување на состојбите, Муцунски потенцираше дека и на нашата страна и е крајно потребна предвидливост во процесот.

„Нашиот пристапен пат во суштина ја штити политиката на проширување на ЕУ, заснована на вредности и заслуги, со оглед дека ризикот од злоупотреба на нашиот случај од страна на анти-ЕУ факторите е голем“, нагласи тој на темата поврзана со евроинтеграциите на земјата.

Муцунски ја подвлече и суштинската важност на добрите билатерални односи помеѓу двете земји, кои оваа година одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи и се заблагодари за досегашната поддршка на политички, економски и мултилатерален план.

„Иако односите се континуирано пријателски, во следниот период очекувам нова динамика како резултат на заложбата на двата премиери за воспоставување стратешка релација помеѓу двете земји“, истакна тој во обраќањето.

Муцунски им посака успех во кариерите на присутните дипломати, со оглед на тежината на професијата која ја имаат.

По обраќањето следеше сесија на прашања и одговори во чии рамки се говореше на теми како нелегалната миграција и безбедноста на границите, регионалната енергетска безбедност, очекувањата за идните чекори и ризици во придвижувањето кон ЕУ, како и размена на мислења за актуелните состојби во Унијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ22 минути

Ја нападнал со остар предмет и сакал да ја силува: осомничен 28-годишен штипјанец

Вчера во 17.00 часот во СВР Штип 21-годишна штипјанка пријавила дека околу 02 часот Б.Т.(28) од Штип во неговиот дом...

Топ3 часа

Без дозвола вршеле сеча и дотур на дрва: лишени од слобода деветмина дрвокрадци, поднесена кривична пријава

СВР Охрид до ОЈО Кичево поднесе кривична пријава против девет лица по член 235 став 3 од Кривичниот законик поради...

Македонија4 часа

„Не гледај што правам, туку слушај ме што говорам“ – Мицкоски нема капацитет за лидерство, велат од СДСМ

„Не гледај што правам, туку слушај ме што говорам“. Ова е најсоодветниот коментар на вчерашното излагање на Мицкоски по повод...

Македонија4 часа

(Видео) Митева: Зошто Филипче не ги пријавил петте стана во Скопје, уште кога станал министер, ДКСК да отвори предмет

СДС и Филипче молчат повеќе од 48 часа за 5 стана на Венко Филипче во Скопје, кои сега 6 години...

Топ5 часа

Загина кумановец: со мотоцикл излетал од патот

Вчера во 16.32 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот А-3 Битола- Ресен се случила сообраќајна несреќа, во...

Свет6 часа

(Видео) Се урна мост, возила паднаа во река: се зголемува бројот на жртви поради тајфунот „Јаги“

Обилните дождови продолжија во северниот дел на Виетнам откако тајфунот „Јаги“ ја погоди таа земја, кој предизвика лизгање на земјиштето,...

Свет7 часа

Захарова: „Русија веќе победи“

Одбивањето на повеќето земји да ја поддржат антируската линија и имплементацијата на најсложените механизми за одржување на стабилност претставуваат победа...

Свет8 часа

Трамп: Ќе депортираме мигранти без документи, тоа ќе биде крвава приказна

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера ја засили својата антиимиграциска реторика предупредувајќи дека отстранувањето на мигрантите од САД би било...

Свет8 часа

Израелски пратеник: Почетокот на војната со Либан е прашање на денови, предградијата на Бејрут ќе бидат како Газа

Нисим Ватури, член на израелскиот Кнесет, тврди дека е „прашање на денови“ кога ќе избие вистинска војна меѓу Израел и...

Свет8 часа

Повеќе од 20 приведени во истрагата за убиството на осумгодишно девојче во Турција: меѓу нив членови на потесното семејство

Турските власти досега приведоа 23 лица во рамки на истрагата за смртта на осумгодишното девојче Нарин Гуран во Дијарбекир, чие...

Свет21 час

Исчезнатото осумгодишно девојче Нарин Гуран е најдено убиено и фрлено во торба (ВИДЕО)

Безживотното тело на осумгодишното девојче Нарин Гуран, кое исчезна во турската провинција Дијарбекир на 21 август, беше пронајдено во поток...

Македонија22 часа

Поминаа три години од пожарот во модуларната болница во кој изгореа 14 луѓе

До денес изминаа точно три години од пожарот во модуларната болница во Тетово во кој животот го загубија 14 луѓе,...

Македонија1 ден

Мицкоски: Kако нација имаме две големи цели, да го победиме разочарувањето и да го сузбиеме криминалот

Тогаш битката беше како ќе се исправиме на нозе, денеска битката е како ќе направиме големи чекори напред, истакна премиерот...

Култура1 ден

Почина актерката Снежана Стамеска

На 79 годишна возраст денеска почина актерката Снежана Стамеска, соопштија од Драмскиот театар Скопје. Стамеска беше првенка на Драмски театар...

Македонија1 ден

Казни за нерегистрирани производители на сирење и месо во Прилеп

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) казни нерегистрирани производители на сирење во Прилеп и Скопје, како и месарница поради неводење...

Топ1 ден

Фатени бегалци барани со потерница за тешки кражби

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје околу 06 часот во Скопје, на територија на општина Кисела Вода,...

Македонија1 ден

Во текот на вчерашниот ден 38 пожари на отворено, активни се уште три

Центарот за управување со кризи информира дека во текот на вчерашниот ден имало вкупно 38 пожари на отворен простор, од...

Македонија1 ден

Денес се одбележуваат 33 години од независна Македонија

Под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“ денеска со повеќе активности во организација на Владата, се одбележува Денот на...

Македонија2 дена

Дождот не го изгасна целосно, но го стави под контрола големиот пожар во Мариово

Дождот кој заврна попладнево помогна да се стави под контрола големиот пожар во Мариово, но сепак сѐ уште не е...

Македонија2 дена

Неисправни се двата полициски хеликоптери и двата ер-трактори, се чека дождот да го изгасне пожарот кај Мариово (ВИДЕО)

Неисправни се двата полициски хеликоптери и тие не можат да учествуваат во големиот пожар во прилепскиот дел од Мариово чиј...