Македонија
„Војводо“, „Никола врати се назат“ – поддржувачите на Груевски го бодрат по објавата на пресудата

„Не те даваме, И 100 години да те осудат, тоа нема да го смени фактот дека ТИ си таткото на модерна Македонија“, „Ќе бидеш запишан во историјата како позитивна личност колку што те напаѓаат повеќе си по авторитетен главата горе“, „Главата горе Претседателе“… Ова се пораките кои десетици граѓани му ги напишаа на експремиерот Никола Груевски на неговата фан-страница на „Фејсбук“. Со големи букви, многу правописни грешки и нагласена интерпункција, граѓаните му искажаа поддршка на експремиерот по изречената пресуда за случајот „Тенк“.
„Поддршка и многу скоро да се врати државата на народот, нашата Македонија е киднапирана и уценета држава!!!“… „И вие клававте по некој денар на страна.. Ама барем гледавте и за народот! Овие ветуваа ЖИВОТ, а веќе ЖИВОТОТ ЗА ПОЛА ИМ ГО СКРАТИЈА НА НАРОДОТ! Ке дојде денот на клањање ,,Никола врати се НАЗАТ“.
„Биди силен Војводо , и други Војводи поминале низ пекол но не биле заборавени, секогаш нивната храброст ке остане во Македонската историја“. „Секогаш и од памтивек жртви за Мк биле правите Македонци. Овој пат тоа сте ВИЕ ГОЛЕМ МАКЕДОНЕЦУ. Горди сме што Ве имаме жив“, „Вас ве кршат за да можат нас да не скршат, издржете нема да им успее, нема да се откажеме нема да се предадеме“, „Прецедателе имас голема подрашка од сите нас и сите краиста на Македонија за жал сите сто ја сакат оваа дрзава ги осудувааат зосто си ја сакат МАКЕДОНИЈА“…
Почесниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ вчера се огласи на „Фејсбук“ по објавувањето на пресудата против него за случајот „Тенк“ на СЈО. Користејќи дел од негово обраќање на предизборен митинг, тој ги повика македонските граѓани да ја кренат главата и да не забораваат дека ова е земја на сите кои живеат во неа и ничија друга и им порача дека доаѓаат подобри времиња.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Партиите од ВЛЕН отсега ќе делуваат како еден политички субјект

Коалицијата ВЛЕН известува дека „денес е направен првиот чекор кон целосно политичко обединување, со заедничка визија и обединета структура, како единствена сила што ја претставува надежта, достоинството и иднината на Албанците во оваа земја“.
„На денешниот состанок беше формирано Заедничкото Претседателство на ВЛЕН, како прв орган што ќе ги координира сите политички и организациски активности на коалициско ниво.
Од денес стапува во сила мораториум на јавните активности на политичките партии учеснички во ВЛЕН, при што сите активности и настапи ќе се реализираат исклучиво под името, логото и единственото претставување на ВЛЕН.
Во наредниот период ќе се формираат и другите заеднички органи, вклучително и Раководството на ВЛЕН и Шефот на Изборниот штаб, кој ќе ја води подготовката за претстојните избори.
Пратеничката група на ВЛЕН ќе продолжи да функционира со актуелните пратеници кои го поддржуваат процесот на обединување и се посветени на јакнење на заедничкиот глас на Албанците“, велат од ВЛЕН.
Македонија
(Видео) Запален домот на Александар Пандов: Нема да не запрат и нема да не поколебаат

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот.
„Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации? Ова е цената за удирањето по мафијата! Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците!
Нема да не запрат и нема да не поколебаат. Никој не е над законот! Нема враќање назад кога се бориш за правдата. И кога ќе тргнеш против криминалот, тој се брани со насилство. Но ова нема да ме запре — напротив, само не зајакнува!“, напиша Пандов.
Тој додаде дека очекува институциите да го најдат и казнат сторителот.
Македонија
Милошоски: Не помина интерпелацијата на Левица и СДСМ за Тошковски, целта им беше лична дискредирација и злоупотреба на трагедијата

„Не помина интерпелацијата на Левица и СДСМ против МВР, Панче Тошковски. Целта им беше провидна“, напиша на социјалните мрежи Антонио Милошоски.
„Прво лична дискредитација на Тошковски, а потоа злоупотреба на семејните емоции од големата трагедија во Кочани. Манипулативни намери, наместо реални предлози и поддршка“, додаде тој.