Македонија
Во автобусите на ЈСП пораки „Разбери, прифати, сакај!“
Во пресрет на Светскиот ден на свесност за аутизмот (2 Април), Град Скопје и ЈСП се вклучуваат во проектот „Сончогледи кон сонцето за видлива и невидлива попреченост“, во организација на здружението на граѓаните „Куќа на среќата“, кое има цел подигнување на свеста за лицата со попречености преку инклузивната лента што ја носат овие лица.
Во поголем дел од возилата од ЈСП „Скопје“ залепени се пораки „Разбери, прифати, сакај!“, кои укажуваат дека лицата што носат инклузивна лента се лица со попреченост и апелираат секој кон нив да биде трпелив, љубезен и подготвен да помогне.
Пораките се залепени на видно место во возилата во ЈСП, но и во сите културни институции во рамките на градот Скопје со цел сите посетители и корисници на јавниот превоз да ја прочитаат инклузивната порака за разбирање, прифаќање и сакање на лицата со различности, односно на лицата што се со видлива или невидлива попреченост.
„Доколку забележите лице што ја носи оваа лента на вратот, разберете дека ви испраќа порака, прифатете ги неговото однесување и потреба“, порачуваат од „Куќа на среќата“.
Град Скопје е отворен за соработка со сите организации и здруженија и е подготвен да даде помош и поддршка во согласност со расположливите можности и околности.
Во таа насока, во возилата на ЈСП „Скопје“ и на жичницата им е дозволен превоз на лица со попречености со куче придружник, а врши и организиран бесплатен превоз со специјални комбиња, лицата со попречености се ослободени од плаќање билет при користење јавен превоз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

