Македонија
Во дворските игри и дилови Мицкоски да не не меша, сам да си ги решава кавгите, велат од СДСМ

„ДПМНЕ се распаѓа. Внатрешни кавги, дворски игри, обвинувања и препукувања. Големи се внатрепартиските проблеми во ДПМНЕ и анти ЕУ кампусот. Обидите за создавање конфузија во јавноста и очајната потреба да ја вмеша и СДСМ во внатрешните поделби и кавги во ДПМНЕ нема да му помогнат на Мицкоски“, велат од СДСМ.
„Во дворските игри и пресметки Мицкоски да не ја меша СДСМ и сам да си ги решава кавгите.
Јавноста се уште чека одговор од Мицкоски за диловите со Груевски. Никако да одговори за барањата за амнестија на негови сопартијци, заради незадоволство токму од него внатре во неговата партија.
Мицкоски е бледа копија на Груевски. Политиката на блокада на Мицковски е исто така само копија на оригиналот и очигледно дека има структури во ДПМНЕ кои не се задоволни од него.
СДСМ ќе направи се и нема да дозволи Мицковски или кој било повторно да ја земе државата како заложник“, соопшти СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ лаже за Стефковски, Гази Баба не е задолжена, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Лажна вест на СДС е дека Гази Баба е задолжена, Стефковски за 2 години направи многу повеќе за општината од сите години власт на СДС-ДУИ, тврди ВМРО-ДПМНЕ.
„Лажна вест на СДС е дека Општина Гази Баба е во долгови. Тоа само покажува дека СДС ја лаже јавноста само колку да се рече дека има некаква критика.
А кога веќе зборуваат за развој добро е да одговорат зошто Владата на СДС и ДУИ ја закочија општинската обврзница.
Обврзницата за брз развој на општината е всушност наменета за капитални проекти кои претходниот градоначалник на СДС Борче Георгиевски ниту ги планираше, ниту ги започна. Тоа значи дека СДС директно кочи градба на градинки, училишта, водоводи и канализации.
Наспроти неинвентивноста на СДС, во тешки услови на блокада и немање на поддршка од Централната власт, Општината Гази Баба и градоначалникот Стефковски реализираа или започнаа со реализација за само две години на нови 420 проекти за граѓаните. Изградена е нова мрежа на фекална канализација во должина од 21 километар. Нема населено место во општина Гази Баба кое нема питка вода за пиење.
Асфалтирани се локални улици на површина од 29.000 метри квадратни. Изградени се 18 спортски терени на најсовремена тартан подлога во Ченто, Гоце Делчев, Автокоманда, Кирил Петрушевски, Керамидница, Колонија, Триангла, Идризово и други населени места. Изградени се 4 спортски терени на подлога од вештачка трева во Стајковци, Инџиково, Страчинци и Автокоманда. Поставени се 3 фитнес зони на отворено во Триангла, Керамидница и Колонија“.
Инвестирани се 43.000.000 денари во општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба.
За само две години Бобан Стефковски за Гази Баба направи многу повеќе од 4 години претходна локална власт на СДС, и 7 години централна власт СДС-ДУИ.
И сосема на крај, кога СДС говори за платите на функциинерите, тие се покачија преку одлука на Уставниот суд на Кацарска, и беа поздравени од централната власт на Ковачевски кој иако вети корекција, ја излажа јавноста.
И само за споредба Ковачевски зема плата од над 2500 евра, а на пензионерите и студентите им дава по 1000 денари. Градоначалникот на СДС во Центар зема 1500 евра, а општината се дави во смет и кал“, велат од партијата.
Македонија
Анѓушев и министерот на Малта разговараа за геополитичките случувања и можностите за еконосмка соработка

На маргините на самитот на ОБСЕ, почесниот конзул на Малта во Северна Македонија, Кочо Анѓушев имаше работен доручек со министерот за надворешни и европски работи и трговија на Малта, Јан Борг.
На средбата министерот Борг се заблагодари за работењето на почесниот конзулат во Скопје и за асистенцијата која им беше пружена на малтешки граѓани при нивни престој во земјава во случаи кога имаа потреба од дипломатско-конзуларна помош.
На состанокот се разговараше за ситуацијата во регионот во светло на идното проширување на ЕУ, за геополитичките случувања во Европа и пошироко, како и за можностите за економска соработка меѓу двете земји.
На средбата стана збор и за организацијата на состанокот на почесните конзули на Малта, кој ќе се одржи во февруари 2024 година во Валета.
Следната година Малта ќе претседава со 31-от Министерски совет на ОБСЕ, за што почесниот конзул Анѓушев упати честитки до министерот Борг.
Македонија
Апасиев реизбран за претседател на Левица

Президиумот на Левица, едногласно го реизбра, Димитар Апасиев, за старо-нов претседател на партијата.
Јована Мојсоска е назначена за Генерален секретар на Левица.
Вториот Пленум на партијата се одржа во текот на вчерашниот ден, а делегатите на Пленумот ги усвоија Статутарните одлуки. На оваа сесија на Централниот комитет беше реизбран досегашниот состав на Президиумот.