Македонија
(Видео) Почна лидерската средба за подготовка на референдумот

Во Клубот на пратениците почна лидерската средба за подготовка на референдумот.
На средбата пристигнаа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска,
лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи.
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и Имер Алиу, Африм Гаши од Беса, кој е во Владата, Билал Касами од Беса од опозицијата,
Лиле Поповска од ДОМ, Горан Милевски од ЛДП, Љупчо Димовски од СПМ на Љубисав Иванов – Ѕинго и Тито Петковски од НСДП.
Последен на средбата пристигна и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хрситијан Мицкоски, со професорката Тања Каракамишева.
Поради исклучителниот политички момент кој наложува проширување на институционалната рамка на лидерските состаноци, на оваа средба во формат 1+1 (лидер на партија плус уште еден претставник) поканети се партиите со повеќе од еден пратеник во Собранието на Република Македонија, соопшти Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради менување на водоводен вентил од Ф 1” (Цол) на улицата 1732 бб спроти сала Маракана Градски Парк, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Градско Собрание, Маракани Клуб Работнички во општина Центар.
Водоснабдување ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интезитет бележиме во Берово кој во моментов не преставува пречка за сообраќајот, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Чучер Сандево и Студеничани денеска без струја

ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од село Горно Оризари, Каменолом Гаранит, село Глуво, село Бразда и село Голиево во општина Чучер Сандево;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од делот кај општината Студеничани.