Контакт

Македонија

Во земјата има 536 пожарникари помалку од законски пропишаното

Објавено пред

На 30-те територијални противпожарни единици во земјата им недостигаат 536 пожарникари за да имаат барем толку вработени колку што е законски пропишаниот минимум. Само четири од 30 единици имаат повеќе пожарникари според законскиот минимум (и тоа само по еден или двајца), а шест единици имаат колку минимумот, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

„Најмногу пожарникари, повеќе од 200, му недостигаат на Скопје. Следуваат Тетово, каде што недостигаат 65 пожарникари, и Гостивар со 52 пожарникари помалку од законски предвидените. Во Куманово недостигаат 49 пожарникари, во Битола има кусок од 32, а во соседен Прилеп од 26 пожарникари“, се додава во извештајот.

Кога станува збор за возилата, како што е наведено во извештајот, противпожарните единици располагаат вкупно со 241 возило, каде што спаѓаат не само возилата за гаснење пожар и цистерните за вода туку и сите други возила на противпожарните екипи. Просечната старост на возилата е 28 години и 68 отсто од нив се од минатиот век. За споредба, според истражувањето пред една година, бројот на возила изнесуваше 220, просечно стари 27 години. Исто така, последното истражување на возилата на министерствата и општините покажа дека нивната старост, пак, е 12,5 години.

Ова истражување е дел од предвидените десет истражувања и бази на податоци за трошењето на јавните пари, кои се реализираат во рамките на активноста јавно трошење за јавно добро, поддржана од проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

Најново

Спорт5 часа

(Видео) Кејн рекордер, Англија лесно се справи со Чешка

Репрезентацијата на Англија ја оствари третата последователна победа во Лигата на нациите А, група 3. На Вембли, Англија ја порази...

Спорт6 часа

(Видео) Хрватска по пресврт падна пред светскиот првак – Микел Мерино го реши натпреварот

Само три дена по историскиот дебакл против Англија (7:0), Хрватска брилијантно и парираше на моќната Шпанија на преполниот „Пољуд“, но...

Спорт6 часа

(Видео) Швајцарците ги казнија сите грешки, Македонија загуби во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија го забележа и четвртиот пораз, во Групата 1, во Б дивизијата во Лигата на нации. Трагично...

Свет7 часа

Унгарија воведува данок за најбогатите

Унгарската влада предложи воведување данок на богатство за лицата чиј имот надминува една милијарда форинти, односно околу 3,08 милиони долари,...

Свет7 часа

Водоинсталатер осомничен за серија убиства на постари жени во Полска – ја стекнувал нивната доверба, па се враќал назад

Водоинсталатер на возраст од 43 години е осомничен за серија злосторства во Полска. Засега официјално се зборува за шест убиени...

Свет7 часа

(Видео) Протести во Индија, приведен лидерот на опозицијата

Индиската полиција денеска го прекина протестот на опозицијата во Њу Делхи и накратко го приведе лидерот на Конгресната партија, Рахул...

Свет7 часа

Зеленски: Русија подготвува масовен напад врз Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека најновите разузнавачки информации укажуваат оти Русија подготвува „масовен напад“ врз Украина. „Има ажурирани разузнавачки...

Македонија7 часа

Без вода утре дел oд Карпош

Дел од корисниците на улицата „Његошева“ во Општина Карпош утре, 7 октомври, ќе останат без вода поради уличен водоводен дефект....

Спорт7 часа

Роналдо се враќа во португалската репрезентација

Кристијано Роналдо одлучи да се врати во португалската репрезентација. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња го потврди ова со...