Македонија
Во ковид-центрите во земјата се лекуваат 443 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата е пријавено дека се лекуваат вкупно 443 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
Според Министерството за здравство, во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 38 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти, во Велес се лекуваат 25 болни, а во Куманово 73 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 56 пациенти, во Прилеп – 72, во ковид-центарот во Гостивар – 12, а во Струга – 20 болни.
Во болницата во Струмица се хоспитализирани 20 пациенти, во Кочани – 7, во Кичево – 6, во Кавадарци – 48, во Гевгелија – 9 лица, а во Дебар – 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците во земјата е 750 и има околу 360 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.
Додаваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Несреќа на патот Велес-Градско, сообраќајот е во прекин

Поради сообраќајна незгода на регионалниот пат Р1102 Велес-Градско, кај крстоница за село Ногаевци, од 06:25 часот сообраќајот е во прекин, извести АМСМ.
На местото на несреќата се врши увид.
Македонија
Делови од Гази Баба и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 15.00 часот, објектот на винарија Брзанов, објектите лоцирани околу винаријата, корисниците лоцирани на влезот во село Трубарево и сточниот пазар во Трубарево. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Партизанска – крак 10. (општина Карпош)
Македонија
Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево со температура до 32 степена

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 27 до 32 степена.
Во Скопје, наутро посвежо, преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Времето во наредните денови
Во вторник и среда ќе се задржи претежно сончево и топло време за овој период од годината. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Дневната температура ќе биде во опаѓање.