Македонија
Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 56 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 56 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 489 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 34 приеми и тоа седум пациенти биле хоспитализиран на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид-центарот на Клиниката за неврологија, двајца болни се хоспитализирани на Клиниката за дерматовенерологија, двајца пациенти на Клиниката за нефрологија, 11 во ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло и девет болни на Клиниката за очни болести. Во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември имало 11 нови приеми на пациенти, а исто толку и Инфективната клиника. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 27 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 25 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 47 пациенти со симтоми на коронавирусот, на Клиниката за гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 25 лица, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, а на Клиниката за очни болести 23 пациенти. Во ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло има 25 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 106 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти, од кои 7 деца и 19 возрасни.Вкупно 489 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
И покрај големиот број приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, соопшти Министерството за здравство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Центар, Аеродром, Сарај и Бутел денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 – 11:00 часот, објектите во околината на Транспотниот Центар, односно делови од улиците: Мирче Ацев и Никола Карев. (Општина Центар)
· од 09:00 – 12:00 часот, дел од ул. Ѓорѓи Капчев. (Општина Аеродром)
· од 09:30 – 12:00 часот, дел од с. Никиштани. (Општина Сарај)
· од 11:00 – 14:00 часот, објектите во околината на БОРА ПЕТРОЛ во Индустриската зона – Качанички Пат, Визбегово. (Општина Бутел)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд (над 30л/м2), а на повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60км/ч), особено вдолж Повардарието. Дневните температури значително ќе опаднат. Во деновите од викендот и во понеделник ќе има услови за слаб локален дожд, а дневните температури повторно ќе бидат во пораст.
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека поради дефект на приклучна цевка ф 1“ на улицата Ванчо Мицков бр.40, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Ванчо Мицков, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.