Македонија
Во ковид-центрите во Скопје примени нови 34 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 34 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 307 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие на интерните клиники имало 17 приеми.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 6 нови приеми на пациенти и 11 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 27 оздравени пациенти.
Во моментот на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 28 пациенти, на Клиниката за неврологија има 31 болен, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 47 пациенти со симтоми на коронавирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 80 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 95 пациенти, а во Иститутот за белодробни заболувања кај децата во Козле има 20 пациенти. На ГАК има 6 хоспитализирани ковид-позитивни пациентки.
Вкупно 307 пациенти потврдени и сомнителени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите е на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминатите денови е стабилен и утрово, до 8 часот, имало 44 слободни места, а се очекува во текот на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и може да згрижат пациенти што имат потреба од кислородна поддршка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МНР: Амбасадата во Прага е во координација со семејството на Чифлиганец за пренeсување на телото во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август 2025 година, до македонската амбасада во Прага била доставена информација за тешка сообраќајна несреќа во која бил повреден македонскиот државјанин Душко Чифлиганец. Тој управувал мотор кога дошло до незгодата, по што со тешки повреди бил пренесен во болница.
На 3 август, семејството го известило дипломатско-конзуларното претставништво дека Чифлиганец им подлегнал на повредите.
Како што соопштија од МНР, Амбасадата во Прага е во континуирана комуникација со семејството со цел завршување на сите неопходни формалности и организација за пренос на телото во Македонија.
Македонија
Изгаснат пожарот кај Липково, гори на две локации

До 12 часот активни се два пожари на отворен простор, еден пожар е под контрола, а еден е изгаснат.
Активните пожари се наоѓаат во село Богомила во општина Чашка, каде гори мешана шума, како и во село Грешница во општина Македонски Брод, во деградирана нискостеблеста шума, соопшти ЦУК.
Пожарот кој е под контрола е во село Стровија во општина Долнени, зад местото викано Гајдарец-Клепало, во нискостеблеста шума.
Пожарот што е изгаснат се наоѓа во село Слупчане во општина Липково, каде горела ниска вегетација.
Македонија
Задутре времен застој на ГП „Делчево“ заради градежни работи

Регионалниот центар за гранични работи „Исток“ ја информира јавноста дека задутре ГП и ГН „Делчево“, односно од бугарска страна ГКПП „Станке Лисичково“ целосно ќе бидат затворени за секаков сообраќај во периодот од 08:00 до 14:00 часот.
Причина за тоа, според официјалното известување добиено од бугарските гранични полициски служби, се градежните работи на патната делница кај ГКПП „Станке Лисичково“. По завршувањето на работите сообраќајот и функционирањето на граничните премини ќе продолжи непречено да се одвива.