Македонија
Во ковид-центрите во Скопје се лекуваат вкупно 323 лица
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информира Министерството за здравство.
Според последните податоци, вкупно 323 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие на интерните клиники имало 22 приема.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 11 нови приеми на пациенти и 3 на Инфективната клиника. Во Козле биле примени 3 пациенти.
На Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 28 пациенти, на Клиниката за неврологија – 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 54 пациенти со симтоми на коронавирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 83 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 96 пациенти, а на Иститутот за белодробни заболувања кај децата во Козле има 22 пациенти. На ГАК има 5 хоспитализирани ковид-позитивни пациентки.
Од Министерството велат дека голем дел од пациентите е на кислородна поддршка. Истовремено, информираат дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и може да згрижат пациенти што имат потреба од кислородна поддршка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

