Македонија
Во ковид-центрите во Скопје хоспитализирани 33 нови пациенти

33 нови пациенти се хоспитализирани во ковид-центрите во Скопје во изминатото деноноќие поради компликации од коронавирусот, известуваат од Министерството за здравство.
Од таму додаваат дека вкупно 257 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Голем дел од пациентите, велат од Министерството, е на кислородна поддршка.
Во последното деноноќие, како што соопштуваат, на интерните клиники имало 8 приеми.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ биле примени 10 нови пациенти, а 10 нови пациенти биле згрижени и на Инфективната клиника. Во Козле биле примени 5 пациенти.
„Во моментот на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 25 пациенти, на Клиниката за неврологија – 26 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 12 пациенти со симтоми на коронавирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 78 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 91 пациент, а на Иститутот за белодробни заболувања кај децата во Козле има 24 пациенти. На ГАК е хоспитализирана една пациентка“, известуваат од Министерството за здравство.
„Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можае да згрижат пациенти што имат потреба од кислородна поддршка“, велат од Министерството за здравство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.