Македонија
Во Македонија регистрирани нови 498 заболени и 17 починати од Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.467 тестирања, а регистрирани се 498 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-246, Куманово-30, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-34, Тетово-19, Струга-15, Велес-5, Битола-10, Охрид-21, Кавадарци-14, Гостивар-19, Гевгелија-12, Струмица-8, Крива Паланка-9, Радовиш-1, Крушево-2, Кочани-7, Пробиштип-1, Македонски Брод-4, Пехчево-4, Берово-2, Валандово-3, Делчево-1, Свети Николе-1, Кичево-7, Неготино-12.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 606 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје-194, Дебар-6, Штип-22, Прилеп-61, Тетово-36, Струга-20, Велес-22, Битола-39, Охрид-45, Кавадарци-24, Гостивар-27, Гевгелија-16, Струмица-23, Крива Паланка-4, Радовиш-6, Крушево-1, Кочани-11, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-5, Виница-1, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-18, Ресен-5 и Неготино-11.
Починати се 17 лица – шест пациенти од Скопје (66, 45, 77, 72, 77, 67), двајца од Куманово (62 и 58), еден од Прилеп (78), еден од Тетово (59), еден од Струга (81), тројца пациенти од Велес (75, 77 и 81), еден од Охрид (69), еден од Крушево (54) и еден пациент од Неготино (60). Од нив еден пациент е починат вон, другите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 82.301, бројката на оздравени пациенти е 60.256, на починати е 2.473, а бројот на активни случаи изнесува 19.572. Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 35.536, активни 11.320
• Куманово 4.696, активни 576
• Дебар 617, активни 124
• Штип 3.277, активни 276
• Прилеп 4.179, активни 583
• Тетово 4.728, активни 860
• Струга 2.010, активни 343
• Велес 2.717, активни 477
• Битола 2.994, активни 564
• Охрид 2.382, активни 567
• Кавадарци 2.066, активни 553
• Гостивар 3.357, активни 568
• Гевгелија 1.140, активни 289 (76 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 192 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2.281, активни 615
• Крива Паланка 611, активни 117
• Радовиш 604, активни 112
• Крушево 163, активни 71
• Кочани 1584, активни 232
• Пробиштип 442, активни 45
• Демир Хисар 234, активни 39
• Македонски Брод 214, активни 27
• Пехчево 149, активни 26
• Берово 490, активни 42
• Валандово 305, активни 62
• Виница 442, активни 62
• Делчево 665, активни 201 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 193, активни 21
• Свети Николе 1.034, активни 106
• Кичево 1.557, активни 233
• Ресен 634, активни 135
• Неготино 1.000, активни 326 (157 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2.467 теста се преку: ИЈЗ – 470, ЦЈЗ Скопје – 65, „Авицена“ – 252, „Биотек“ – 249, МАНУ – 135, „Жан Митрев“ („Филип Втори)“ – 175, „Систина“ со PCR-метода – 243, лабораторија „Лаор“ – 41, Судска медицина – 13, ЦЈЗ Битола – 31, Инфективна клиника – 2, ГАК – 11, „Синлаб“ – 23, „Ремедика“ – 23, лабораторија во болницата во Козле – 20, ЈЗУ (рапид-тест) – 711, УК Пулмологија со алергологија – 3, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 396.797 тестирања на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование.
Таа посочи дека во моментов се одржуваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите засегнати страни можат да достават коментари.
На прашање од пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која изнесе забелешки, Јаневска одговори дека законот е „за добробит на сите“ и дека реакциите не можат да се генерализираат.
Според министерката, предлог-законот е усогласен со европски и светски стандарди и предвидува подобрување на студентските права, двегодишен мандат за универзитетските тела, можности за ангажман на демонстратори и вработување на студенти на проекти, како и поддршка за најдобрите студенти.
Јаневска нагласи дека членот 13 се однесува на заштита на автономијата на универзитетите и дека во изработката на текстот учествувале над 60 професори.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.

