Македонија
Во Охридското Езеро пронајдени и одземени 3.400 метри рибарски мрежи со околу 680 парчиња рибен улов

Вчера во периодот од 01.00 до 15.00 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ преземени се зајакнати мерки и активности во водите на Охридското Езеро, од сливот на реката Сатеска до селото Радожда, Струшко, при што биле пронајдени и одземени 17 рибарски мрежи, со вкупна должина од 3.400м и улов од 667 парчиња охридска белвица со вкупна тежина од 66 кг и 12 парчиња охридска пастрмка.
Притоа, констатиран е и прекршок по чл.23 и 25 од Законот за внатрешна пловидба, односно управување на скутер за време на забрана, и по чл.68 – за непоседување на пловидбена дозвола и уверение за управување на пловен објект за време на контролата и против сторителот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Жирафата Флопи угиналa како резултат на агресивен карцином кој метастазирал и на белите дробови, соопшти ЗОО Скопје

По добиените официјални резултати од обдукцискиот протокол за угинувањето на жирафата Флопи, од ЗОО Скопје соопштија дека врз основа на патохистолошки наод, и микробиолошкиот и молекуларен наод од Факултетот за ветеринарна медицина е добиен заклучок во кој се констатира дека жирафата Флопи угинала како резултат на малиген тумор во црниот дроб и метастази во белите дробови.
„Оваа подмолна болест е една од најфаталните во 21 век, од која како и луѓето, страдаат и голем број животни. Ракот на црниот дроб се смета за „тивок убиец“, а кај Флопи агресивен карцином веќе метастазирал и во белите дробови, кој тешко се дијагностицира во рана фаза.
Се уште сме тажни поради оваа голема загуба, бидејќи во ЗОО Скопје вработените и животните, сите заедно, сме едно големо семејство. Флопи ќе го паметиме по неговата грациозност, специфичните шари на телото, неговата голема љубов кон зоонегувателите и посетителите, како и по мирниот карактер. Еден дел од нашите срца засекогаш ќе остане празен после неговото заминување“, се истакнува во соопштението од ЗОО Скопје.
27.11. 2023 година, како што велат, за нив бил трагичен ден.
„Прво со веста за починувањето на нашиот сакан колега Ристе, а неколку часа подоцна за жал не напушти и жирафата Флопи, и покрај сите напори, грижа и максимална ангажираност на сите вработени во ЗОО Скопје кои деноноќно се грижеа за неа“, се истакнува во информацијата.
Македонија
Првото селфи на слобода, објави Боки 13

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 објави фотографија од пред Соборниот храм во Скопје.
На социјалните мрежи напиша дека ова му е прво селфи на слобода по 4 години.
Прво селфи на слобода после повеќе од 4 години. Господ на помош , прво и најважно здравје а потоа се ќе си дојде на свое место“, пишува Боки 13.
Тој неодамна излезе од затвор поради здравствени проблеми.
Беше осуден во предметот Рекет.
Сервисни информации
Поради снег, забрана за товарни возила на „Ѓавато“

Од АМСМ информираат дека поради врнежи од снег се воведува забрана за тешки товарни возила на превојот „Ѓавато“
„Oд 18:35 часот на магистралниот пат А-3, Битола-Ресен на планинскиот превој „Ѓавато“, поради обилни врнежи на снег и задржување на истиот на коловозот, воведена е забрана за движење на ТМВ, се наведува во официјалното соопштение.