Контакт

Македонија

Во прекин сообраќајот на регионалниот пат Струмица-Валандово

Објавено пред

Oд AМСМ информираат дека од 11:00 часот на регионалниот пат Струмица-Валандово, кај с.Костурино, поради случена сообраќајна незгода, сообраќајот е во целосен прекин.

Македонија

Владата објави централна веб-страница за сите информации за Ковид-19

Објавено пред

Владата објави нова централна веб-страница за сите официјални информации поврзани со справувањето со коронавирусот на којашто ќе се објавуваат мерките, препораките и вестите од институциите.

Адресата на новата владина „Коронавирус МК” веб-страница, на која граѓаните ќе можат да се информираат за сите апели, совети, препораки и забрани со цел спречување на ширењето на вирусот, како и за медицински насоки во случај да почувствуваат симптоми, но и како да обезбедат психолошка поддршка во време на самоизолација. На веб-страницата постои и секција за економските мерки, на која ќе бидат објавувани сите уредби за начините на искористување на мерките од страна на фирмите и работниците, со цел спасување на работните места во државата.

Веб-страницата „Коронавирус МК” е придружена и од мобилни апликации (за Android и iOS) за поедноставен пристап, преку кои редовно ќе се испраќаат нотификации до граѓаните кои на својот смарт-телефон ќе ја инсталираат оваа апликација, поврзани со дневните апели на Владата за почитување на мерките, најави за прес-конференции, потсетувања за активните мерки и забрани и други информации во корист за граѓаните. Апликациите ќе можат да се преземат од www.koronavirus.gov.mk/app.

Под името Коронавирус МК / Koronavirus MK, Владата отвори и фејсбук, инстаграм и твитер-страници на социјалните мрежи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Зградата на Владата во сина боја за поддршка на лицата со аутизам

Објавено пред

Светот денеска го одбележува 2 Април, Меѓународниот ден за подигање на свеста за лицата со аутизам, и во знак на поддршка на лицата со аутистичен спектар на нарушувања, многу објекти ширум светот денеска осамнаа во сина боја.

„Владата дава континуирана поддршка на лицата со аутизам и нивните родители и семејства, и во таа насока, на годинешниот 2 април се придружува на останатите земји и својата зграда ќе ја осветли во сина боја“, соопштуваат од владината прес-служба.

И покрај хуманитарната криза предизвикана од коронавирусот, Владата порачува дека заедно со сите партнери и граѓани, преку овој симболичен гест укажува дека продолжува неуморно да обезбедува услови за здрава и напредна иднина за сите граѓани, како и поддршка до сите ранливи категории.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Арсовски: Владата денес повторни ги манипулира компаниите со новата мерки

Објавено пред

Со внимание ја анализиравме мерката на Владата која беше навестена уште пред две недели за помош на бизнисите со минимална плата. Она што можеме да го соопштиме е дека мерката која помпезно беше најавувана е недоволна и претставува измама и привид дека нешто се помага во ситуација кога нема да претставува помош за компаниите. Впрочем, тоа го говорат и самите менаџменти и сопственици на компаниите, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Мерката е рестриктивна и е далеку од доволна за помош за компаниите за да ги задржат сите вработени на своите работни места. Жалиме што владата остана глува на барањата на стопанството, како што впрочем е ситуацијата и за сè останато.
Еве сега да објасниме зошто мерката  што денеска владата ја најави не е доволна.

Оливер Спасовски денес им порача на компаниите дека никој нема да им ги покрие загубите за месец март. Со мерката не се покриваат трошоците и загубите направени во месец март, бидејќи истата се однесува единствено на април и мај. Владата доцни дури 20 дена со оваа мерка и свесно ја промовираат на 2 април. Но загубите на компаниите се остварени и сè уште седат и никој не ги споменува загубите за месец март.

Второ, само мал број  компании ќе го искористат полниот износ од 14.500 денари, затоа што мерката се врзува со бројот на работните часови на вработените, односно ефективни работни часови како што ги говорат. Ова веќе го обзнанивме, ова го знаат и компаниите, но Владата сè уште не го демантираше.

Имајќи предвид дека вонредната состојба ќе трае до средината на месец април, а најверојатно, како што стојат работите, за жал, ќе биде продолжено уште за еден месец, дури до средината на мај и повеќе имајќи ги предвид анализите и искуствата од другите држави кои дури сега го достигнуваат пикот на кризата со Ковид-19. Тоа значи дека вработените ќе имаат нула ефективни работни часови во месец април, а сепак најверојатно и во месец мај, што уште повеќе ги продлабочува кризата, загубата и пропаста на компаниите, стопанството и економијата во Република Македонија. Или поедноставно за да разберат вработените во приватниот сектор и граѓаните, тоа значи дека компаниите за коишто работат овие вработени со нула ефективни работни часови во месец април не ќе можат воопшто да ја користат оваа поддршка од 14.500 денари. Истото ова може да се случи и за месец мај, кој најверојатно повторно ќе се наоѓаме како држава а и компаниите во истата ситуација како и во месец април.

Трето, Зоран Заев прво ги убедуваше сите дека „Економијата блеска, а резултатите се за поклонување“. Ги охрабри компаниите да имаат развојни планови, а сега оваа мерка нема да важи за компаниите кои исплатиле награди и девиденда на своите вработени во периодот кој Зоран Заев го оценува дека ние како економија и држава сме блескале.

Четврто, треба да се знае дека сите оние компании коишто веќе се корисници на мерките преку Агенцијата за вработување нема да можат да ги искористат овие 14.500 денари. Со што дополнително се крати кругот на корисници на мерката. Значи, сите оние мали компании кои сè уште се во развој со по неколку вработени, со овие мерки на Владата се осудени на пропаст.
Петто, дадена е опција или 14.500 за минимална плата или половина средства за придонесите. Со оваа опција ќе се помогне вистински само на оние со најголеми приходи во државата и со најголеми плати, а ништо за оние кои навистина им треба помош во реалниот сектор.

Затоа предложивме до Владата субвенционирањето за одржување на ликвидноста преку исплатата на бруто-плата на работниците во компаниите за месеците март, април и мај 2020 година во износ од најмногу 50% од месечната бруто-плата по работник.
Висината на месечната субвенција по работник може да изнесува максимум до висината на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2019 година. Односно предлагаме државата да ги помогне компаниите со пакет мерки од 26.800 денари“, заклучи Арсовски.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

СЗО: Над 95 отсто од починатите од коронавирус во Европа се лица над 60 години

Шефот на канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, рече дека официјалните податоци покажуваат дека повеќе од...

Економија3 часа

Финансиска помош и за занаетчиите и вршителите на самостојни дејности

Владата денеска ја донесе уредбата со законска сила за финансиска поддршка на физички лица што вршат самостојна дејност, а кои...

Економија3 часа

(Видео) По 14.500 денари месечно за вработен за април и мај или 50 отсто од трошоците за придонеси

Државата спасува работни места, 14.500 денари месечно за вработен за април и мај за сите фирми погодени од кризата или...

Економија3 часа

Спасовски: Со уредба ќе ги замрзнеме кредитите ако банките го гледаат само својот интерес

По понудените решенија за одложување на кредитите, техничкиот премиер, Оливер Спасовски, вели дека чекаат да видат какви ќе бидат ефектите....

Македонија4 часа

Потврдени 30 нови случаи на коронавирус, вкупниот број се искачи на 384

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови:...

Топ5 часа

Уапсени насилниците што тепаа девојче во влез на зграда во Штип

Во врска со видеото со насилство врз девојче, кое од утрово се споделува на социјалните мрежи, штипската полиција информира дека...

Свет6 часа

Австралија почна со тестирање на две потенцијални вакцини против коронавирусот

Научници од Австралија почнаа со тестирање на две потенцијални вакцини против новиот коронавирус, што може да биде голема пресвртница која...

Свет6 часа

Новите процени покажуваат дека од 25 до 50 проценти од носителите на вирусот се без симптоми

Податоците од Исланд покажуваат дека 50 проценти од позитивните на коронавирусот биле без симптоми, а САД проценуваат дека до 25...

Македонија7 часа

Скопјанец знаел дека има коронавирус, шетал низ Охрид и дома примил вработени кај еден оператор

Четириесет и четиригодишен скопјанец, кој се вратил од странство и кој бил позитивен на коронавирусот, наместо да биде во строга...

Македонија7 часа

Министерството за здравство: На располагање има повеќе од 1.000 кревети за хоспитализирање пациенти со коронавирус

Здравствениот систем е подготвен да апсорбира поголем број пациенти, кој се очекува со пикот на коронавирусот кон крајот на април,...

Македонија7 часа

Во болницата „Плодност“ во Битола двајца доктори и една медицинска сестра позитивни на Ковид-19

Двајца доктори, еден анестезиолог и еден гинеколог, и една медицинска сестра од приватната болница „Плодност“ во Битола се позитивни на...

Регион8 часа

Србија ја укина одлуката со која се цензурираа информации за коронавирусот

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, објави дека ја повлекува одлуката за информирање во време на пандемијата на коронавирусот, со која...

Свет8 часа

ЕУ: Во Западен Балкан пандемијата се користи за промоција на антиевропски ставови

Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) оцени дека кризата во врска со пандемијата на коронавирусот во Западен Балкан се користи...

Македонија9 часа

Во Битола 55 сантиметри снег, во Крушево 47

Снежната покривка во Битола достигна до 55 сантиметри, а во Крушево има 47 сантиметри снег. Во Маврови Анови има 40...

Свет9 часа

Руски воен транспортер со медицинска опрема пристигна во САД

Руски воен транспортен авион пристигна во Њујорк носејќи медицинска опрема и маски како помош за САД во борбата против коронавирусот....

Забава9 часа

Во НАСА пристигнале 12.000 апликации за идни астронаути

Американската вселенска агенција (НАСА) објави дека примила 12.000 апликации за идната генерација астронаути за десетина слободни места, а резултатите од...

Свет11 час

„Ламборгини“ ќе произведе хируршки маски за да помогне во борбата против Ковид-19

Италијанскиот производител на луксузни автомобили „Ламборгини“ претвори некои оддели во својата фабрика „Сант’Агата болоњезе“ во погони за производство на хируршки...

Македонија22 часа

Се забрануваат нови вработувања во јавниот сектор

Во јавниот сектор времено се забрануваат новите вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело,...

Македонија22 часа

Починатата родилка од Охрид немала коронавирус

Министерството за здравство информира дека се негативни резултатите на битолчанецот кој беше пронајден починат во својот стан и кај родилката...

Македонија1 ден

Бројот на излекувани пациенти со коронавирус во Македонија се искачи на 17

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, денеска се испишани пет пациенти....

Досие