Македонија
Во тек е дополнителна исплата на образовниот додаток
Во тек е дополнителна исплата на образовниот додаток, кој се исплаќа во случај ако има позитивно решени жалби и задоцнето известување од страна на училиштата, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Исплатата за правото на додаток за образование се врши до 31 октомври во тековната календарска година за претходната наставна година предвидена со Закон за заштита на децата.
Висината на додатокот за образование изнесува 700 денари месечно за ученик во основно образование и 1.000 денари месечно за ученик во средно образование во текот на учебната година.
Годишниот износ на додатокот за образование за основно образование во учебна година по дете изнесува 8.400 денари, а за средно образование во учебна година по дете изнесува 12.000 дeнари.
Исплатата на додатокот за образование се врши во четири еднакви износи од по 2.100 денари на корисникот на правото на додаток за образование за дете во основно образование, а од по 3.000 дeнари на корисникот на правото на додатокот за образование за дете во средно образование, по завршување на секој од мерните периоди, утврдени со овој закон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Битола – Демир Хисар
Во 19.35 часот сообраќајот на патниот правец Р1305 Битола – Демир Хисар е нормализиран, извести АМСМ.
Од 18:50 часот поради случена сообраќајна незгода, беше во прекин сообраќајот на Р1305 Битола – Демир Хисар, во двата правци.
Македонија
Поради несреќа, прекин на сообраќајот на патниот правец Битола – Демир Хисар
Од 18:50 часот поради случена сообраќајна незгода, во прекин е сообраќајот на Р1305 Битола – Демир Хисар, во двата правци, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Централниот одбор на ЛДП ќе ги разгледува настапот и резултатите на изборите
Либерално-демократската партија извести дека вечерва ќе се одржи седница на Централниот одбор.
„Како одговорна партија, ЛДП, веднаш по конечното завршување на парламентарните избори ќе го разгледува предлог извештајот за подготовките, настапот и резултатите на Либерално-демкратската партија за претседателските и за парламентарните избори 2024 година.
Анализата за натамошното дејствување ќе ја прават членовите и партиското раководство во сите општински организации во наредниот период.
За извештајот, анализата и сите одлуки, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана“, соопшти партијата.