Македонија
Времето денеска променливо облачно и врнежливо
Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а во источните делови и во Пелагонија засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје променливо облачно и релативно топло со умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 18 степени.
Температурите утрово се 0 Берово, Попова Шапка, 3 Лазарополе, 4 Гевгелија, 5 Маврови Анови, Крушево, 6 Струмица, Кавадарци, 7 Претор, Прилеп, 8 Тетово, Битола, Дојран, 9 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Куманово, 10 Виница, Велес, 11 Скопје-Петровец, Крива Паланка, 12 Штип, Демир Капија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски по средбите во Будимпешта: Оптимист сум дека мора да нѐ биде и ќе нѐ биде
Нашето место е и заслужуваме да сме во Европската Унија, мора да успееме. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски од Будимпешта кадешто вчера учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница задно со лидерите на уште 26 земји од Европа и високи претставници на Унијата и НАТО.
Мицкоски по средбите со европските државници рече дека заедно со членовите на македонската делегација ги презентирале аргументите за нашиот евроинтегративен пат, погледите за економската иднина и економските цели, како и планот за развој на државата.
„Со секоја средба се повеќе и повеќе се бориме за нашите аргументи и за вистината онаква каква што е, онаа вистина којашто ја чувствуваа нашите граѓани и којашто е важна за Македонија. Ќе продолжиме да се бориме за Македонија и во неделите, месеците, годините коишто следат. Мора да успееме. Мора да бидеме таму каде што заслужуваме а тоа е успешна европска приказна, а местото наше е во рамките на Европската Унија“, изјави Мицкоски.
Премиерот рече по состанокот со европската политичка заедница во Будимпешта е повеќе оптимист дека мора да не’ биде и ќе не’ биде.
Мицкоски уверува дека Владата ќе даде се’ од себе да ги одбрани националните интереси на македонските граѓани и на нашата татковина.
Македонија
Власта да го прифати нашиот предлог за укинување на ДДВ на храната, порача СДСМ
Податоците кои ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека цените на мало во месец октомври, кога се спроведуваше владината мерка, се „намалиле“ за само 0.1 отсто, велат утрово од СДСМ од каде порачаа дека власта треба да го прифати нивниот предлог за укинување на ДДВ на храната.
„Се потврди тоа што СДСМ го говореше и што граѓаните го чувствуваат секој ден – нема намалување на цените во маркетите. Дебакл на мерките на владата кои се покажа дека немаа никаков ефект и не дадоа резултат. Затоа, Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ политичкиот инает треба да го замени со прифаќање на предлог Законот за укинување на ДДВ на храната на СДСМ, со кој граѓаните реално ќе заштедат до 2.000 денари месечно“, велат од СДСМ.
Од тука додаваат дека пакетот од три мерки и закони на СДСМ ќе значат поголеми плати, помали цени на храна и повеќе пари во џебот на секој граѓанин.
Претходно владејачката партија објави дека нивната пратеничка група нема да го поддржи предлог-законот на СДСМ за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, со кој се предвидува укинување на ДДВ-то за прехранбените производи, односно од 5% на нула проценти ДДВ, за сите основни производи за исхрана.
Пратеникот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, пред неколку дена изјави дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во друштво со економските креатори на Владата на СДСМ од тој период, Фатмир Бетиќи и Димитар Ковачевски, предлага вакво решение иако истите тие луѓе претходно четири пати одбија такво законско решение.
Во Предлог-законот на СДСМ за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се предвидува укинување на ДДВ-то за прехранбените производи, односно од 5 на нула проценти ДДВ, за сите основни производи за исхрана. Во предлогот се опфатени над 250 категории производи.
Македонија
Крушево остана без вода поради дефекти
Поради неколку дефекти на водоводната мрежа водоснабдувањето во град Крушево ќе биде во прекин до решавање на проблемот.
„Утрово ни’ се случуваат три дефекти на водоводната мрежа и веднаш започнуваме со работа за да ги надминеме и да се обезбеди вообичаеното водоснабдување“, велат од ЈП „Комуна“ Крушево.