Македонија
Врховниот суд ги укина пресудите за „Ликвидација“
Врховниот суд ги укина пресудите за случајот „Ликвидација“. Информацијата на „Фејсбук“ ја сподели новинарот којшто беше еден од осудените во случајот, Томислав Кежаровски, а ја потврдија од највисокиот суд. Предметот кој е поврзан со убиството на Лазар Милошевски од 2005 година во велешко Ореше повторно ќе почне од почеток.
Неофицијално, според образложението на пресудата, на еден од адвокатите не му било дозволено да направи увид во наредбите издадени за посебните истражни мерки. Судијата тоа не го дозволил и образложил дека наредбите имаат својство на државна тајна, а присутните немале безбедносен сертификат.
Новинарот Томислав Кежаровски првично доби казна затвор од 4 години и 6 месеци, а потоа казната му беше намалена на 2 години затвор. Тој беше осуден дека во новинарски текст објавил идентитет на заштитен сведок.
Осуммина лица поврзани со предметот „Ликвидација“ беа осудени за различни кривични дела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

