Македонија
Второ рочиште за „шлаканиците“ во општина Центар
Во среда продолжува судењето за случајот на Специјалното јавно обвинителство за протестите пред општина Центар во јуни 2013 година, откако на декемвриското рочиште судот ги одби аудио-снимките од прислушуваните разговори и не прифати сведочење на заштитен сведок.
Во случајот за насилство обвинети се 14 лица, од кои пет лица како поттикнувачи, а останатите како директни извршители на насилството. Меѓу обвинетите е и Никола Груевски, поранешен премиер, поранешниот министер Миле Јанакиески и поранешната советничка во Општина Центар, Даниела Рангелова.
До СЈО сѐ уште нема стигнато одговор на жалбата поднесена до Апелацискиот суд откако Кривичниот суд ги одби „бомбите“ и заштитениот сведок како докази во овој случај.
Судијка во овој случај е Татјана Михајлова, в.д. претседателка на Основниот суд Скопје 1. Според неа, прислушуваните разговори не можат да бидат доказ во овој случај затоа што биле прибавени на незаконски начин, при што биле прекршени и слободите и правата на оние чии гласови се на снимките.
Овој случај на СЈО произлегува од аудио снимка на разговор меѓу Груевски и Јанакиески пред седницата на Советот на Општина Центар во јуни 2013 година на која требало да бидат поништени неколку детални урбанистички планови, меѓу кои и оној за Мал ринг, каде наводно Груевски нарачува некој да појде и на градоначалникот Андреј Жерновски да му удри две-три шлаканици./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

