Македонија
Втор круг во Аеродром, Центар, Карпош и Шуто Оризари, шест скопски општини добија градоначалници во првиот круг
Граѓаните во шест скопски општини веќе избраа градоначалници во првиот круг – Бутел, Чаир, Гази Баба, Кисела Вода, Ѓорче Петров и Сарај. Според првичните резултати на Државната изборна комисија, изборната трка продолжува во четири општини, во кои граѓаните ќе гласаат во втор круг – Аеродром, Центар, Карпош и Шуто Оризари.
Во Аеродром, во првиот круг, во водство е Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ, со освоени 49,09 отсто од пребројаните гласови, одонсно 16.225 гласа. Зад него е Александар Трајановски од СДСМ, кој има 20,79 отсто или 6.872 гласа. Третопласиран е Марјан Димитриев од Левицата со 19,44 гласа, речиси 400 гласа помалку од кандидатот на социјалдемократите.
Во Центар од 100 отсто пребројани гласови, најмногу освои Горан Герасимовски од СДСМ – 38,19 отсто или 8.535 гласа. Тој во вториот круг ќе се соочи со Мирослав Лабудовиќ од Движењето ЗНАМ, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, кој освои 25,54 отсто од гласовите или 5.797 гласа.
Во Карпош најмогу глсови освои кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, со 34,51 отсто, а зад него е актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски од ГРОМ со 29,40 проценти од глсовите.
Во Шуто Оризари, пак, во вториот круг ќе се соочат Курто Дудуш од Унијата на Ромите, кој освои 36,43 проценти од гласовите, и Ерџан Демири од ВМРО-ДПМНЕ, кој освои 20,81 отсто.
Втор круг ќе има и за градоначалник на Скопје, каде што ќе се соочат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и на Левицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

