Македонија
Вчера се вакцинирале 9.335 граѓани, интересот на граѓаните за вакцина расте, велат здравствените власти

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера биле вакцинирани вкупно 428.081 граѓани, информира Министерството за здравство. Прва доза вакцина вчера примиле 6.413 граѓани, а се вакцинирале вкупно 9.335 граѓани. Во државата се аплицирани вкупно 676.620 дози вакцини, а ревакцинирани се 248.539 граѓани.
„Со последните бројки 56% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 53% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 49% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина“, велат од Здравство.
Здравствените власти додаваат дека интересот за вакцинација без закажан термин е голем. Според последните информации, од таму со прва доза и без закажан термин се вакцинираат возрасни лица што сакаат да се вакцинираат, во пунктовите во здравствените домови низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување термини за вакцинација на децата. Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 арена, СЦ Борис Трајковски во Скопје, додаваат од Здравство.
Вчера министерот за здравство Венко Филипче најави дека вакцинацијата на децата ќе започне од петок откако родителите претходно ќе направат термин онлајн. Првиот ден од вакцинацијата без закажан термин според медиумите, го одбележаа метеж и турканици на пунктовите за масовна вакцинација. Имаше и информации за инциденти меѓу граѓаните, за кои министерот Филипче рече дека не е запознаен и дека метежот пред пунктовите за вакцинација според него се резултат на желбата на граѓаните за побрзо да го завршат процесот во раните утрински часови со цел да ги избегнат горештините во текот на денот.
И Филипче вчера потврди дека е голем интересот за вакцинација без закажан термин.
Во Скопје вакцинирање без закажан тремин има во Поликлиниките Јане Сандански, Букурешт и Чаир, како и во новоотворениот вакцинален пункт во Поликлиниката во Шуто Оризари. Во спортските сали се врши масовна ревакцинација.
Во меѓувреме започна и теренска вакцинација против Ковид-19. Процесот е организиран од здравствените домови од секој град, а ќе се одвива без прекин со веќе направен распоред. Филипче најави дека нема да се оди само еднаш во некое оддалечено населено место, со што значајно се олеснува пристапот на сите граѓани кои сакаат да се вакцинираат.
Министерството за здравство апелира до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, информираа од Министерството за здравство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски-Спајиќ: во фокусот посветеноста на европската интеграција на Западен Балкан

Во пресрет на утрешниот Самит ЕУ – Западен Балкан, денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.
Двајцата се дел од овогодинешната група добитници на признанието „Млад глобален лидер“ (YGL) на Светскиот економски форум – мрежа која веќе две децении обединува исклучителни личности под 40 години кои предводат позитивни промени ширум светот.
Програмата за млади глобални лидери е симбол на колективна акција и визија, поттикнувајќи нови форми на лидерство во ера на глобални трансформации. Тоа што двајца политичари од Западен Балкан се дел од оваа заедница е потврда за промените што оваа генерација ги носи во регионот, информираат од МНР.
На средбата се разговараше за зајакнување на билатералната и регионалната соработка, како и за потврдување на заедничката посветеност на европската интеграција на Западен Балкан – како дел од визијата за обединета, просперитетна и силна Европа.
Македонија
МВР: Од 1 јули летен режим на сообраќај за тешки товарни возила

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти МВР.
Забраната се однесува за следните термини:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 09:00 до 19:00 часот
недела од 09:00 до 22:00 часот
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Специјален сообраќаен летен режим за тешки товарни возила се воведува и на патниот правец А2 Скопје – Охрид – Скопје во периодот од 01.07.2025 до 01.09.2025, и тоа:
Од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот, само во денови со екстремно високи температури определени од Министерството за здравство:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 07:00 до 12:00 часот и од 18:00 часот до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот
– Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Македонија
Пренасочување на возилата поради сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Од 19:10 часoт има пренасочување на сообраќајот на патниот правец Р1305 Демир Хисар – Кичево поради случена сообраќајна незгода, возилата ќе бидат пренасочени преку с.Единаковци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Според последното известување од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.