Контакт

Македонија

В недела затворени неколку улици во Центар поради Скопскиот маратон

Објавено пред

Градот Скопје известува дека во недела, 3 октомври, во периодот од 07 до 14 часот на неколку градски улици и булевари ќе се воведе привремен сообраќаен режим, поради одржувањето на најмасовната спортска манифестација во нашата земја „Виз ер скопскиот маратон 2021“.

dobivaj vesti na viber

Во овој временски период целосно затворени за сообраќај ќе бидат: булевар Илинден, од крстосница со булевар Свети Климент Охридски до улица Љубљанска; затворена ќе биде улица Љубљанска; улица Московска; потоа булевар Митрополит Теодосиј Гологанов, од крстосница со улица Московска; во продолжение улица Димитрие Чуповски; улица 11 Октомври до крстосница со булевар Крушевска република; булевар Крушевска република до крстосница со булевар Трета македонска бригада, булевар Трета македонска бригада ќе биде затворена од крстосница со булевар Крушевска република до улица Фрањо Клуз; потоа затворена ќе биде улица Фрањо Клуз и во продолжение булевар Јане Сандански во делницата од крстосница со улица Фрањо Клуз до булевар Србија.

Во истиот период ќе биде затворен и булевар Свети Климент Охридски и тоа од крстосница со улица Димитрие Чуповски до крстосница со булевар Илинден.

Во согласност со променетиот режим на сообраќај, ќе биде променет режимот на линиите на јавниот градски превоз.

I. Линии со изменета траса:

– Линија бр. 3: Од Спортска сала „Јане Сандански“ до „Југодрво“ по своја траса, продолжува по улица Свети Кирил и Методиј (Рамстор), Kлинички центар, Комплекс Панорама. Вo oбратна насока: Комплекс Панорама, улица Јордан Мијалков, подвозник, булевар Кочо Рацин („Jугодрво“), Tранспортен центар, улица Владимир Комаров (23 Октомври), улица Васко Карангелевски, булевар АСНОМ до Спортска сала „Јане Сандански“.

– Линија бр. 3Б: Од Кванташки пазар до „Jугодрво“ по своја траса, продолжува по улица Свети Кирил и Методиј (Рамстор), Kлинички центар и Комплекс Панорама. Вo oбратна насока: Комплекс Панорама, улица Јордан Мијалков, подвозник,

булевар Кочо Рацин („Jугодрво“), Tранспортен центар, улица Владимир Комаров (23 Октомври), улица Васко Карангелевски, булевар АСНОМ, Кванташки пазар.

– Линија бр. 4: oд Хрoм дo Соборен храм по редовна траса, булевар Гоце Делчев, булевар Крсте Мисирков (МАНУ), булевар Кочо Рацин, подвозник, улица Aнтон Попов, улица Димо Хаџи Димов, улица Народни херои, булевар Борис Трајковски до населба „11 Октомври“ и во обратна насока од „11 Октомври“ до населба Хром по изменета траса.

– Линија бр. 4А: oд Карпош 3 (7 и 59) по улица Карпошово востание, улица Бледски договор, булевар Партизански одреди, потоа продолжува по булевар Гоце Делчев, булевар Крсте Мисирков (МАНУ), булевар Кочо Рацин, подвозник, улица Aнтон Попов, улица Димо Хаџи Димов, улица Народни херои, булевар Борис Трајковски, продолжува по својата траса до с. Усје. Во обратна насока од с.Усје до Карпош 3 (7 и 59) по изменета траса.

– Линија бр. 5: Од Дексион, улица Ѓорче Петров, булевари Партизански одреди и Гоце Делчев, булевари Крсте Мисирков (МАНУ) и Кузман Јосифовски Питу, улица Владимир Комаров, улица Васко Карангелевски, булевар АСНОМ до терминал Ново Лисиче, a oбратно од Ново Лисиче до Комплекс банки по својата траса, булевари Крсте Мисирков, Гоце Делчев и Партизански одреди, улица Ѓорче Петров и Дексион.

– Линија бр. 7: oд Карпош 3 по улици Карпошово востание и Бледски договор, булевари Партизански одреди, Крсте Мисирков (МАНУ) и Кузман Јосифовски Питу, улици Владимир Комаров (23 Октомври) и Коста Новаковиќ, булевар Трета македонска бригада и продолжува по својата траса, a вo oбратна нaсока по булевар Трета македонска бригада, улици Коста Новаковиќ и Владимир Комаров (23 Октомври), булевари Jaнe Сандански, Кузман Јосифовски Питу, Крсте Мисирков, Гоце Делчев, Партизански одреди до Карпош 3.

– Линија бр. 8: Влае, булевар Партизански одреди, мост „Гоце Делчев“, булевар Гоце Делчев, Бит-пазар и продолжува по својата траса, а во обратната насока по изменета траса.

– Линија бр. 9: Клинички центар, улица Јордан Мијалков, подвозник, булевар Кочо Рацин („Jугодрво“) и продолжува по својата траса, а во обратната насока по редовната траса.

– Линија бр. 15 и 15А: од Карпош 3 (7 и 59), улици Карпошово востание и Бледски договор, булевари Партизански одреди, Гоце Делчев, Крсте Мисирков (МАНУ), Кузман Јосифовски Питу, улици Владимир Комаров (23 Октомври) и Васко Карангелевски, булевар АСНОМ, Ново Лисиче (терминал), a oбратно од Ново Лисиче до Комплекс банки по својата траса, булевари Крсте Мисирков, Гоце Делчев и Партизански одреди до Карпош 3.

– Линија бр. 16: Железара, Бит-пазар, „Југодрво“ и продолжува по своја траса, а во обратната насока по иста изменета траса.

– Линија бр. 19: од Карпош 3 (7 и 59), улици Карпошово востание и Бледски договор, булевари Партизански одреди и Гоце Делчев, Бит-пазар и продолжува по траса до Шуто Оризари, а во обратна насока по редовна траса до Карпош 3 (7 и 59).

– Линија бр. 21 и 21А: Транспортен центар, булевари Кузман Јосифовски Питу, Крсте Мисирков (МАНУ), Гоце Делчев и Партизански одреди и продолжува по своја траса, а во обратната насока по иста изменета траса.

– Линија бр. 22: Транспортен центар, булевари Кузман Јосифовски Питу, Крсте Мисирков (МАНУ), Гоце Делчев и Партизански одреди и продолжува по своја траса, а во обратната насока по иста изменета траса.

– Линија бр. 22А: ќе сообраќа како линија бр. 22.

– Линија бр. 23: oд Дoм нa пeчaт, улица Јордан Мијалков, подвозник, булевар Кочо Рацин („Jугодрво“), улици Владимир Комаров (23 Октомври) и Васко Карангелевски, булевар АСНОМ и продолжува по својата траса, a вo oбратна нaсока оди по својата траса до „Југодрво“, а потоа по улицата Свети Кирил и Методиј (Рамстор) до Дoм нa печат.

– Линија бр. 24: Почетна станица Карпош 3 (почетна 7 и 59), улици Карпошово востание и Бледски договор, булевари Партизански одреди, Гоце Делчев, Крсте Мисирков (МАНУ) и Кочо Рацин и продолжува по своја траса. Во обратна насока по истата траса до Карпош 3 (почетна 7 и 59).

– Линија бр. 27: oд Дoм нa пeчaт, улица Јордан Мијалков, подвозник, булевари Кочо Рацин („Jугодрво“) и Кузман Јосифовски Питу, улица Владимир Комаров (23 Октомври), булевари АСНОМ и Србија и продолжува по својата траса до нас. Вардарска, a вo oбратна нaсока по редовната траса до „Југодрво“, потоа по улица Свети Кирил и Методиј (Рамстор) до Дoм нa печат.

– Линија бр. 28: од Македонско село, с. Горно Нерези до Козле – терминал 57, а во обратна насока по истата траса.

– Линија бр. 50: Клинички центар, улица Јордан Мијалков, подвозник, булевар Кочо Рацин („Jугодрво“), Бит-пазар и продолжува по својата траса, а во обратната насока, од Бит-пазар продолжува по булевар Кочо Рацин, улица Свети Кирил и Методиј (Рамстор) и Клинички центар.

– Линија бр. 57: Од Козле, улици Васил Ѓоргов и Јордан Мијалков, подвозник, булевар Кочо Рацин („Jугодрво“), Бит-пазар и продолжува по својата траса, а во обратната насока од Бит-пазар продолжува по булевар Кочо Рацин, улица Свети Кирил и Методиј (Рамстор), улица Васил Ѓоргов и кон Козле.

– Линија бр. 59: Од Карпош 3, улици Карпошово востание и Бледски договор, булевари Партизански одреди и Гоце Делчев, Бит-пазар, Бутел, до Кучевишка бара. Во обратната насока по истата изменета траса.

– Линија бр. 59А: Кисела Вода, по своја траса до Олимписки базен (булевар Кочо Рацин), булевар Крсте Мисирков, Бит-пазар и продолжува по својата траса. Во обратната насока по истата изменета траса.

– Линија бр. 59Б: – Од Ново Лисиче, булевари Јане Сандански, Кузман Јосифовски Питу и Крсте Мисирков (МАНУ) и продолжува по својата траса, а во обратната насока од Бит-пазар, Судска палата, Комплекс банки, Транспортен центар, улици Владимир Комаров (23 Октомври) и Васко Карангелевски, булевар АСНОМ и Ново Лисиче (Терминал)

– Линии 31, 41, 51, 67, 70 и 74: Транспортен центар, булевар Кочо Рацин („Југодрво“), продолжуваат по своја траса, потоа подвозник, улици Антон Попов, Димо Хаџи Димов и Народни херои, булевар Борис Трајковски и продолжуваат по својата траса. Во обратната насока по истата изменета траса.

– Линија 58: Транспортен центар, булевар Кочо Рацин („Југодрво“), продолжува по своја траса, потоа подвозник, улица Антон Попов, улица Димо Хаџи Димов и продолжува по својата траса. Во обратната насока по истата изменета траса.

– Линија 73: Од Саем, булевар Кочо Рацин („Југодрво“), продолжува по своја траса, потоа подвозник, улици Антон Попов, Димо Хаџи Димов и Народни херои, булевар Борис Трајковски и продолжува по својата траса. Во обратната насока по истата изменета траса.

II. Линии со непроменета траса:

а) Градски линии: 2, 2А, 12, 20, 42, 45 и 65В

б) Приградски линии: 11, 11а, 18, 18а, 32, 47, 47а, 52, 53, 55, 56, 56а, 60, 61, 62, 63, 63а, 63б, 65, 66, 66а, 68, 69, 71, 81, 118

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено воведениот сообраќаен режим, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Македонија

Имаме чувство дека српски служби пробуваат да го ослабнат СДСМ, велат од оваа партија

Објавено пред

Имаме чувство дека странски служби работат за различни цели, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Излезе информација дека странски служби дале информација за Груби дека е во опасност.

Беше 14 месеци, како што вели ВМРО (изгледа имале информации, а никој не го барал), на Косово и во Албанија – без никаква опасност.

А сега е во опасност во затворот Шутка, покрај сите мерки за обезбедување.

Посигурен е дома. Тоа сигурно – храната стигнува од ресторани, а и на телевизија има интересни содржини. Како во хотел.

Она што не го кажа Мицкоски е од која странска служба ја добиле информацијата, бидејќи како што се гледа од изјавите за медиумите од МВР и АНБ, никој ја нема таа информација“.

Од СДСМ прашуваат дали информацијата му стигнала од српска или од руска служба.

„Може ли тоа да ни го каже, или и тоа е тајна?

Исто така, покрај ова што наводно го прават странските служби во земја членка на НАТО, имаме чувство дека истите тие служби се занимаваат и со членови на СДСМ.

По бројните обиди за слабеење на СДСМ одвнатре, кои што не успеаа, истиот модел продолжува.

Така, имаме чувство дека поединечни членови продолжуваат контакти со служби, одат во амбасади, одат на ручеци – како што одамна прават некои т.н. новинари кои се во служба на водење антиевропска кампања со цел јакнење на руското влијание во Македонија“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сали-Брунер: посебно внимание на имплементацијата на системот за влез и излез на ЕУ и неговото влијание врз професионалните возачи од регионот

Објавено пред

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари средба со европскиот комесар за внатрешни работи и миграција, Магнус Брунер, при што беа разгледани клучните прашања поврзани со процесот на пристапување на Северна Македонија во Европската Унија, управувањето со миграцијата, граничната безбедност и борбата против организираниот криминал.

dobivaj vesti na viber

На средбата беше потврдена цврстата определба на Владата за продолжување на реформите во рамките на кластерот „Основи“, со посебен фокус на владеењето на правото, јавната администрација и заштитата на фундаменталните права.

Сали ја нагласи посветеноста на Северна Македонија кон исполнување на отворачките мерила и одржување на реформскиот моментум.

Посебно внимание беше посветено на имплементацијата на Системот за влез и излез на Европската Унија и неговото влијание врз професионалните возачи од регионот.

Министерот Сали ја истакна потребата од прагматично и пропорционално решение кое ќе ја зачува економската стабилност и ќе обезбеди непречено функционирање на синџирите на снабдување, имајќи предвид дека Северна Македонија е земја која целосно зависи од патниот транспорт.

Во делот на миграцијата и граничното управување, беше нагласено дека Северна Македонија останува сигурен партнер на Европската Унија, со целосна имплементација на Статусниот договор со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража и активно учество во заедничките операции

Двајцата соговорници ја потврдија важноста од продлабочување на соработката во борбата против организираниот криминал, трговијата со дрога и криумчарењето мигранти, како и зајакнување на размената на информации и оперативната координација.

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали ја реафирмираше определбата на Северна Македонија за целосно усогласување со европските стандарди и продлабочување на институционалната соработка на патот кон полноправно членство во Европската Унија.

Прикажи повеќе...

Македонија

ЕСЧП донесе пресуда во корист на затвореник кој бил тепан од полицаец во „Идризово“

Објавено пред

Од

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и Хелсиншкиот Комитет за човекови права информираат дека Европскиот суд за човекови права вчера донесе одлука по пат на унилатерална декларација во предметот Фитим Муслиу против Северна Македонија, поднесена на 30 август 2022 година.

dobivaj vesti na viber

Предметот се однесува на настан од 3 август 2020 година, кога осудено лице било физички нападнато и тепано од припадник на затворската полиција пред кантината во затворот „Идризово“. Како последица на нападот, затвореникот се стекнал со телесни повреди.

Во врска со настанот беше поднесена кривична пријава до ОЈОГОК против командир на затворската полиција во КПД Идризово за кривичните дела „Мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување (член 142 став 1 од КЗ), Малтретирање во вршење на службата (член 143 од КЗ) и Расна и друга дискриминација (член 417 став 1 од КЗ). Кривичната пријава беше отфрлена, по што беше поднесена жалба до Вишото јавно обвинителство, кое го потврди решението на ОЈОГОК.

Пред Судот во Стразбур, апликантот се жалеше на повреда на член 3 од Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП), тврдејќи дека бил изложен на нечовечко постапување од страна на затворски службеник и дека домашните власти не спровеле ефективна истрага за наводите.

Според МЗМП и Хелсиншкиот Комитет за човекови права оваа одлука ги потврдува долгогодишните системски недостатоци во затворскиот систем, како и неефикасноста на внатрешните и надворешните механизми за пријавување и гонење случаи на тортура и нечовечко или понижувачко постапување кон осудените лица.

„Ја поздравуваме одлуката на Судот и потсетуваме дека според неговата утврдена пракса, државата има позитивна обврска согласно член 3 од ЕКЧП да ја заштити физичката благосостојба на лицата лишени од слобода, кои се во особено ранлива положба бидејќи се под целосна контрола на властите. За таа цел, државата мора да преземе навремени и ефективни мерки за истрага и санкционирање на одговорните лица“, се наведува во соопштението и се додава дека оштетениот бил застапуван од адвокат Диме Ѓорчевски од Скопје, член на тимот на адвокати на МЗМП.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета...

Свет2 часа

(Фото) Епстин сакал да купи вила во земја без договор за екстрадиција со САД еден ден пред апсењето

Само еден ден пред апсењето во 2019 година, Џефри Епстин се обидел да купи вила вредна повеќе милиони долари во...

Економија2 часа

Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања, известува Народната банка

Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење...

Македонија3 часа

(Видео) Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седница на пратенички прашања ја повика Владата да ја раскине концесијата за изградба на...

Македонија3 часа

„Сега странски служби јавиле, имаме чувство дека театарот со Груби стана циркус“, велат од СДСМ

„Театарот со Груби стана циркус. Имаме чувство Мицкоски. Прво граѓаните ја видоа режираната претстава на граница, доаѓањето со наочари, со...

Регион3 часа

Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот...

Свет4 часа

Пакистанскиот премиер: Нема да има компромис во одбраната на нашата сакана татковина

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека вооружените сили на земјата „се целосно способни да ја скршат секоја агресивна намера“. „Нема...

Свет5 часа

(Видео) Експлозии во Кабул, Пакистан: Во отворена војна сме со Авганистан

Пакистан го бомбардираше авганистанскиот главен град Кабул и две други провинции преку ноќ, неколку часа откако Авганистанците го започнаа својот...

Свет5 часа

Гислен Максвел: Клинтон и Епстин се запознаа преку мене

Една фотографија го прикажува Бил Клинтон како плива ноќе со Гислен Максвел, британска личност од високото општество подоцна осудена за...

Европа5 часа

Зеленски: Не сум најдобриот татко поради војната, мојот избор е должност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски проговори за личните предизвици со кои се соочува по годините војна, признавајќи дека неговите должности го...

Македонија16 часа

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија21 час

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија22 часа

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија23 часа

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија23 часа

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија1 ден

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа1 ден

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...

Македонија1 ден

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со...

Регион1 ден

Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна....

Свет1 ден

Продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина: Трамп му наредил на американскиот тим да се обиде да го спречи убивањето

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за разговори за завршување на војната во Украина да се...