Македонија
В сабота пообилни дождови, а в недела ќе провејува слаб снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, главно во западните и источните делови од земјава. На планините врнежите ќе бидат од снег. На истокот на места се очекуваат краткотрајни поројни врнежи проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени.
Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 10 степени.
Под влијание на нов влажен бран, в сабота преку целиот ден ќе има пообилни врнежи и на повеќе места ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог. Во западните делови на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира позначителна снежна покривка, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
В недела ќе провејува слаб снег, а од понеделник следува период на умерено до значително облачно и студено време, со умерен до засилен северен ветер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 11:00 до 15:00 часот, корисниците на ул. Хелсинки од бр. 22 до бр. 36, општина Карпош.
Македонија
Следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија од влажни воздушни бранови од денеска во вечерните часови следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позивитивни.
Македонија
Општина Чаир: Утре ќе се одржи комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи
Комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи ќе се одржи во вторник, 2 Декември 2025 година, во 13:00 часот, во општина Чаир.
„Овој момент на сеќавање има за цел да го пренесе поширокото културно и институционално признание за неговото дело и за влијанието што го остави во албанската музичка уметност.
Паралелно, книгата за сочувство ќе биде поставена во просториите на Општината и ќе биде отворена од вторник до петок, за сите граѓани и претставници на уметничката заедница кои сакаат да го изразат своето сочувство“, велат од општина Чаир.

