Македонија
(Видео) Гаши: Беса ќе биде дел од Владата и ќе менаџира со културата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/05/Gashi.jpeg)
Вечерва се состанаа Централното претседателство на Движењето Беса и Централното собрание и, согласно со статутарните надлежности и обврски, дискутираа и одлучија Движењето Беса да стане дел од парламентарното мнозинство и на извршната власт.
„Иако пратениците на Движењето Беса и досега го помагаа мнозинството и Владата во реформската агенда, ние одговоривме на барањето на премиерот да станеме дел од извршната власт. Притоа сакаме да ги потенцираме неколку важни моменти и причини за ваквата одлука. Реформската агенда, процесот на решавање на спорот со името, отворањето на преговорите за интеграција во ЕУ и, посебно, потребната кохезија за членство во НАТО, што денес се смета највисок и најзначаен чин за земјата, а и за Албанците, се обврски кои налагаат да бидеме на врвот на задачата на овој момент и да докажуваме на која страна сме ние денес. А ние сме за членство во НАТО и интеграција во ЕУ“, е ставот на претседателот на партијата, Африм Гаши.
Тој вели дека им е доверено да менаџираат со ресорот култура и тоа за нив е чест и признание, „бидејќи држава која во последните години беше толку бетонизирана има потреба за ослободување, катарза и за рефлектирање на културните и духовните вредности, кои – за жал – досега беа покриени или заборавени“.
„Како и да е, уште еднаш потенцираме дека нашето учество во Владата повеќе е стратешко отколку процентуално, а ние сме убедени дека Беса има доволно интелектуален и менаџерски капацитет да потврди дека има идеја, визија и проекти кои можат да помогнат во унапредување на културниот живот во земјата.
За името на министерот и другите детали Централното собрание го овластил Централното претседателство за да одлучи за предлозите од партиските структури“, соопшти партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.