Македонија
Гаши на Меѓународниот ден на лицата со попреченост: Да размислиме за важноста на еднаквите можности, инклузивноста и почитувањето на достоинството на секој поединец
На Меѓународниот ден на лицата со попреченост, оддаваме почит на силата, храброста и истрајноста на поединците кои се соочуваат со специфични предизвици. Тие се чувствителен, но витален дел од нашето општество, и без разлика на пречките, нивниот потенцијал за придонес во сите сфери на животот е неограничен, истакна собранискиот спикер Африм Гаши.
„Овој ден нè повикува да размислиме за важноста на еднаквите можности, инклузивноста и почитувањето на достоинството и различноста на секој поединец. Како општество, имаме колективна одговорност да ги обезбедиме овие можности и да се заложиме за зајакнување и интеграција на лицата со попреченост. Собранието на РСМ останува посветено да придонесува во овaa насока на секој можен начин.
Среќен Меѓународен ден на лицата со попреченост“, истакна Гаши.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

