Македонија
Гаши со претставници на ИФЈ и на ССНМ: разгледани можностите за подобрување на медиумската сфера

Претседателот на Собранието Африм Гаши оствари средба со Ентони Белангер, генерален секретар на Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ), на која беа разменети мислења за условите за работа на новинарите во земјава и беа разгледани можностите за нивно подобрување, во насока на унапредување на вкупните состојби во медиумската сфера во земјава.
На средбата присуствуваше и генералната секретарка на Собранието Марина Димовска, како и претседателот на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Павле Беловски, и други претставници на оваа синдикална организација и на ИФЈ.
Гаши истакна на средбата дека ги смета медиумите за „четврта власт“, која може да влијае за поголема транспарентност, отчетност и одговорност на другите три власти. Односно, како што рече, секое подобрување на состојбите и на условите за работа во медиумската сфера е влог и во подобра власт.
Соговорниците посебно се осврнаа на предлог-измените на Законот за медиуми, кој веќе е во собраниска процедура и е ставен на дневен ред, во прво читање, на првата наредна нова седница на Собранието, следната недела. Притоа, беа изнесени сугестии за евентуални интервенции во текстот на предлог-законот, пред се во насока на подигнување на нивото на работничките права на новинарите и другите медиумски работници.
Гаши, исто така, ги истакна своите заложби за целосна слобода и независност на медимите, како и за целосна транспарентност и отвореност на Собранието кон јавноста. За таа цел, како што рече, меѓу другото е потребна и редовна комуникација со претставниците медиумите. Притоа, Гаши посочи и на чекорите што тековно се преземаат за што поголема транспарентност на законодавната власт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Уште еден вознемирувачки напад врз бугарски државјанин во Северна Македонија!“, напиша Ковачев

„Сериозно сум загрижен од она што се случи денес со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска – бугарска државјанка. Ги повикувам Министерството за надворешни работи и бугарската амбасада во Скопјe веднаш да ѝ обезбедат правна, конзуларна и морална заштита“, напиша бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на социјалните мрежи.
„Ова е уште еден случај на насилство, малтретирање и јавно линчување врз бугарски државјани кои држат високи јавни функции и стекнале бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско потекло – само затоа што се осмелиле да се изјаснат како Бугари.
За жал, притисокот е толку силен што нашите сонародници се принудени да го кријат или негираат својот бугарски идентитет. Сличен случај неодамна беше со министерката за енергетика Сања Божиновска, со неколку пратеници од владејачката ДПМНЕ, како и со луѓе од најблискиот семеен круг на сегашниот, минатиот и претходните премиери на земјата.
Бугарската држава има должност кон своите над 216.000 бугарски државјани во Република Северна Македонија, кои станале такви по своја слободна волја, го докажале своето бугарско потекло со документи и со свој потпис изјавиле дека сега се чувствуваат како етнички Бугари. Бугарија е должна да ги заштити нивните права, безбедност и човеково достоинство“, додаде Ковачев.
Македонија
„Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски се огласи на социјалните мрежи, по нападот врз градоначалничката Данела Арсовска.
„Она што ѝ се случи денес на Данела Арсовска не е „инцидент“. Тоа е директен напад врз институцијата, врз една жена, врз јавниот поредок.
Со клоци, со пцуење, со закани за силување и убиство на нејзиното семејство.
И што? Ќе викаме „демократија“?! Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски.
Македонија
(Видео) Арсовска објави снимка од нападот: Јас го напаѓам него или тој мене?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави снимка од денешниот напад врз неа, на социјалните мрежи.
Во објавата на социјалните мрежи, Арсовска прашува дали таа напаѓа или е нападната и се брани.