Македонија
Генчовска: Во оваа фаза нема да има промена на ставот на Бугарија кон Северна Македонија
Во оваа фаза нема да има промена на ставот на Бугарија кон Северна Македонија, како што веќе изјавија премиерот Кирил Петков и Светлан Стоев. Ние се придржуваме до декларацијата на Националното собрание. Ова го изјавила новата министерка за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска, во одговор на прашање на бугарски „Бгнес“ дали ќе има промена на ставот во однос на деблокада за почеток на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија.
Генчовска денеска ја презеде функцијата од досегашниот вршител на должноста, Светлан Стоев.
Според изјавите на Стоев, како што потсетува бугарската агенција, во последните месеци македонската страна водела двојна политика во преговорите со Бугарија.
Македонија, според Стоев, досега се потпираше на надворешениот притисок, кој не можеше да доведе до решавање на спорот меѓу двете страни, анализира „Бгнес“.
„Како што можете да видите во последните денови, јас лично не сум го коментирал пакетот 5 + 1, како и постојаните изјави на македонската страна дека пакетот треба да нѐ задоволи, рече Светлан Стоев во одговор на прашање дали е задоволен од македонската страна со овој пакет.
„Можам да ви кажам дека со чиста совест и ги пренесуваме нашите анализи на редовната влада, отсега владата ги има сите можности да ја искористи оваа анализа за продолжување на дијалогот и се надеваме дека македонската страна, конечно, ќе сфати дека тоа е прашање што не може да се реши со притисок однадвор, туку само со билатерален дијалог“, изјавил Стоев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

