Македонија
Георгиевска: Додговорот со Бугарија е потпишан и на македонски јазик

Договорот за добрососедство со Бугарија е потпишан и на македонски јазик, изјави пратеничката на СДСМ, Марија Георгиевска, одговарајќи на новинарско прашање за евентуално вето од Бугарија во преговорите со ЕУ.
„Со нашиот сосед, Република Бугарија, имаме Договор за соработка и добрососедство кој патем да напоменам тој Договор е потпишан и на македонски јазик. Очекуваме во духот на овој Договор, да продолжиме заеднички да ги градиме односите и меѓусебно да си даваме поддршка двете земји“, рече Георгиевска.
Во врска со темите коишто се дискутираат изминатиот период и кои произлегуваат од овој Договор за добрососедство, СДСМ изразува волја да ги решава преку работата на комисиите, за кои Георгиевска вели дека се надлежни да ги решаваат тие прашања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДУИ: Невработувањето на 155 медицински сестри во Тетовската клиничка болница е срамен, дискриминаторски и политички мотивиран чин

„Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост и револт поради одлуката на актуелната влада ВМРО–ВРЕДИ да не даде согласност за засновање на постојан работен однос на 155 медицински сестри во Клиничката болница во Тетово – професионалистки, мајки и столбови на стотици семејства, кои со години посветено им служат на пациентите и на јавното здравство на државата“, велат од ДУИ.
„Таквата одлука не е само неправедна и политички мотивирана, туку содржи и елементи на отворена етничка и родова дискриминација. Наместо да се вреднува професионалноста на овие вработени, од кои многу беа во првите редови за време на пандемијата, тие беа игнорирани на најнедостоинствен можен начин.
ДУИ, како државотворна партија што со години вложува во изградбата на правичен и еднаков систем за сите граѓани на Северна Македонија, ја смета оваа одлука за опасен преседан кој сериозно го нарушува довербата во институциите, ги поткопува темелите на соживотот и ја враќа исклучувачката логика од минатото.
Неприфатливо е во држава што стреми кон членство во Европската Унија, со еден потпис да бидат исклучени 155 мајки и сестри, како резултат на затворен, партиски и слеп пристап кон општествената реалност.
ДУИ бара итно повлекување на оваа одлука и враќање на медицинските сестри на нивните работни места, со постојан работен однос.
Актуелната влада мора да разбере дека играњето со судбината на луѓето и со достоинството на жената нема да помине без политички последици. Молкот повеќе не е опција. Граѓанската реакција е неизбежна – и таа ќе биде масовна, праведна и насочена кон заштита на еднаквоста, достоинството и правото на работа во сопствената земја, без страв и без исклучување“, соопшти ДУИ.
Македонија
„Шукова прифати да ја игра улогата на слуга на Заев и на Филипче и да се движи кон сигурен пораз“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче функционирајќи како потрчко на Зоран Заев и нанесува штета и себе си, и на партијата и на државата. Оттука Филипче за претстојните локални наместо личности за победа избира личности за пораз. Свесни во партијата за тоа бегаат подалеку, па Филипче останува со потрчковците на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Така за кандидат за главниот град изборот падна на Каја Шукова, која како министер за животна средина освен што се жалеше не направи ништо.
Како и да е Шукова прифати да ја игра улогата на слуга на Заев и на Филипче и да се движи кон сигурен пораз. Јасно е дека СДС се подготвува за октомвриски тежок пораз, тоа како да им е јасно и на самите кандидати.
Ова покажува дека кога политичарите се водени од лични бизнис интереси, наместо кон победа се движат по сигурен пат кој води до пораз.
Скопје пак има потреба од личност на која приоритет и е градот Скопје и скопјани.
Оттука за локалните избори во октомври се знае резултат однапред. Граѓаните ќе дадат црвен картон за политиките на СДС креирани од Филипче“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Сообраќајот на регионалниот пат Куманово – граничен премин Пелинце ќе биде затворен поради одржување велосипедска трка

Денеска, во временски период од 10:00 до 15.00 часот, сообраќајот на регионалниот пат Куманово – граничен премин Пелинце, на потег од раскрсница за село Драгоманце до Меморијален центар АСНОМ во село Пелинце ќе биде затворен поради одржување на велосипедска трка, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.