Македонија
Герасимовски: Вечерва, џез-верзија на македонски евергрини на пјацетата кај италијанска амбасада

Вечерва, со почеток во 19 часот, ќе се одржи настанот „Џез под ламба“ на пјацетата кај италијанска амбасада. На овој настан граѓаните ќе имаат можност да слушнат џез-верзија на познатите македонски евергрини од „Искра Србиновска квартет“.
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, ги поканува сите граѓани на добра македонска музика во пресрет на новогодишните празници.
„Вечерва, заедно ќе слушаме и уживаме во нашите најпознати македонски евергрини, преточени во џез-стил. Ги поканувам сите скопјани на добра музика, греено вино и печени костени. Со вакви настани поттикнуваме креативност, ги зближуваме граѓаните и создаваме топла и празнична атмосфера, која ќе ги поврзе љубителите на македонската музика, култура и традиција“, изјави Герасимовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Tрајко Славески е предлогот на Сиљановска-Давкова за гувернер на Народна банка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го предложи Трајко Славески за гувернер на Народната банка.
Од нејзиниот кабинет велат дека при носењето на одлуката, претседателката се водела од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот.
Се додава и дека изборот бил тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати.
Трајко Славески е актуелен претседавач со Советот на Град Скопје.
Македонија
Реновирани спортските капацитети на полициското одморалиште во Пониква

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, денеска во одморалиштето на МВР во Пониква ги пуштија во употреба реновираните спортски капацитети наменети за вежбовни активности на полициските службеници.
„Со министерството за спорт неодамна потпишавме Меморандум за соработка со кој ќе ги надградиме, реновираме и унапредиме поголемиот дел од спортските капацитети на министерството за внатрешни работи. Вложувањето во капацитетите на кои се обучуваат полициските службеници е влог во стабилноста и безбедноста на државата.
Во рок од месец дена беше поставена основа за фудбалско игралиште и фитнес зона со монтирање на сите реквизити. Игралиштата за фудбал, кошарка и одбојка се опремија со полипропиленски подови, обележени и со нови реквизити. Истите добија и трибини од по 2 реда за следење на натпреварите. Покажуваме дека преку добро планирање и соработка помеѓу институциите, јасна визија и одлучност, може да се изградат услови кои ги задоволуваат современите полициски потреби“, истакна министерот Тошковски.
Во меѓувреме преку оваа соработка на двете министерства се работи на реновирање на спортските капацитети на Центарот за обука на МВР во Идризово каде се создаваат и унапредуваат сите полициски човечки капацитети.
Македонија
Со шесте милијарди евра за Македонија ќе се градат брза пруга, болници, студентски дом – Николоски од Лондон со детали за договорот

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој ја предводи официјалната делегација на Македонија во Обединетото Кралство, оствари средба со претставници на Инструментот за поддршка на надворешното финансирање на Обединетото Кралство – УКЕФ, на која што беше разговарано за деталите околу средствата што и се ставаат на располагање на Македонија за реализација на инфраструктурни проекти.
„Се работи за 5 милијарди фунти кои што се ставаат на располагање на Македонија, нешто што беше потврдено од страна на УКЕФ и можам со задоволство да кажам дека овие 5 милијарди фунти односно 6 милијарди евра после овој состанок дефинитивно се ставени на располагање на Македонија. Истите можат да се користат за проектно финансирање, тоа значи дека се врзани за проекти што значи дека ќе носат додадена вредност на Македонија. Тоа се проекти во делот на транспортот, здравството, образованието, во делот на енергетиката и животната средина“, рече Николоски.
Додаде дека се разговарало за три сета на проекти, едниот е брзата пруга на коридор 10 од Табановце до Гевгелија, вториот е изградба и реконструкција на болници во Кичево, Тетово и Штип и третиот е изградба на медициски факултет заедно со студенски дом во Штип.
Тој рече и дека после потпишувањето на договроот Влада со Влада утре и ратификацијата на истиот во Собранието, ќе започнат со официјални разговори во однос на начините на финансирање и реализација на овие проекти.
Со Николоски во Лондон е и потпретседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, утре ќе им се придружи и министерката за образование Весна Јаневска, а со него е и директорот на ЈП МЖ Инфраструктура, членови на кабинетот.
Николоски ќе се сретне и со министерот за внатрешни работи на Велика Британија, министерот за одбрана, а утре со минстерот за економија и извоз заедно ќе го потпишат Договорот Влада со Влада.
Договорот ќе оди на ратификација во Собранието, а во Велика Британија го усвојува Владата.