Македонија
Герасимовски: Трикратно зголемени градежните инспекциски контроли
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/thumbnail_Герасимовски-1.jpg)
Градежните инспекторски служби и градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, денеска во обиколка на градилиштата во општината. Во изминатиот период Општина Центар спроведува зачестени инспекторски контроли, а според извештајот на градежниот инспекторат за изминатиот еден и пол месец изречени се 37 записници за инспекторски надзори, 10 решенија за отстранување, 10 заклучоци за дозвола за извршување, како и 1 присилно административно извршување на донесено решение за отстранување.
„Уште во предизборниот период ветив засилени инспекторски контроли со цел брза реакција за нелегалните и небезбедни градежни активности на градилиштата. Мојата цел е хуманото градење со почитување на законските прописи вклучувајќи ја и безбедноста на граѓаните. Токму затоа денеска излегов заедно со градежните инспектори и видам како се одвиваат градежните зафати на градилиштата. Општина Центар ќе продолжи со засилени контроли, затоа апелирам до сите инвеститори да ги почитуваат законските процедури при изведување градежни работи во градилиштата но и надвор од нив“, рече Герасимовски.
Покрај инспекциските контроли на градежните инспектори, на градилиштата контрола спроведе и комуналната инспекција. Во согласност со Законот за јавната чистота, со кои се информираат изведувачите на градежни објекти да не вклучуваат во сообраќај моторни возила со валкани тркала, да не оставаат градежен шут, отпад и градежен материјал, освен на места определени за таа намена, да не се пали и уништува смет, да не се палат огнови на отворено за греење на работниците. Сите возила што излегуваат од градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади заради контрола на прашината.
Во однос на овие одредби комуналните инспектори спроведоа контрола на јавни површини на целата територија на општината по што контролирани се 20-ина градилишта, утврдени се неколку неправилности и санкционирани се превозници со валкани тркала.
Општина Центар изврши и повеќе вонредни надзори по пријави од граѓани, при што се изречени 3 глоби на правни лица и одговорни лица во правните, во вредност од 1.300 евра за оставање градежен шут на јавни површини и неизградено градежно земјиште во приватна сопственост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.