Македонија
Герасимовски: Ќе иницирам итно расчистување на земјиштето кај Треска
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, по вчерашниот пожар во поранешната фабрика „Треска“, за медиумите изјави дека негова препорака е што побрзо да почне отстранувањето на сите објекти во индустрискиот капацитет.
„ Моја информација е дека во ‘Треска’ има 35 000 до 40 000 метри квадаратни азбестен кров. Во вчерашниот пожар беше зафатен и кровот, а и денеска сè уште паѓаат азбестните плочи. Искрено, јас после долго време, вчера првпат влегов и тоа што го видов можеме да го споредиме со Чернобил. Значи многу шут, азбестни кровови, жителите споделуваа дека таму има и животни и глувци големи како мачки, затоа моја препорака е дека земјиштето побрзо треба да се расчисти“, изјави Герасимовски за медиумите.
Тој додаде дека веќе разговарал со вработените во општината за да се испита какви материјали има на земјиштето и за тоа колку се тие штетни за граѓаните.
Во Општина Центар до овој момент има пристигнато 28 барања за отстранување објекти, но за начинот при нивно отстранување, градоначалникот рече дека ќе побара и институционална помош.
„Самите сопственици ќе треба да ги отстранат објектите, но ќе направиме увид какви материјали има и колку се штетни, по што ќе дадеме насоки на кој начин тоа треба да се направи. Ние нема да дозволиме да има недозволено вадење на штетните материјали од ‘Треска’“, изјави Герасимовски.
Во однос на шпекулациите за наводното подметнување на пожарот, градоначалникот изјави дека не сака предвреме да коментира. Неговите сознанија се дека до моментов сè уште не е направен увид поради небезбедноста на теренот. Но, според информации од жителите во локалитетот, секојдневно се краде железо и бакар од каблите, кои потоа се палат.
„Дали ова е вистина ќе покаже истрагата“, изјави Герасимовски.
По однос на актуелните теми за новите градби во „Треска“, Герасимовски порача дека како општина не можат да ги сопрат, но тие мора да бидат во согласност со јавниот интерес на граѓаните.
„ Ние никогаш не рековме дека нема да се гради, туку мора да се најде подобар начин како да изгледа просторот. Имаме важечки ДУП по кој мора да се постапува, идејното решение не е идеално, но ние мора постапуваме по моменталниот ДУП и сето тоа не зависи од мене, туку од законите, регулативите кои мораме да ги почитуваме“, изјави Герасимовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

