Македонија
Германија ја прогласи Македонија за подрачје со висок ризик од коронавирус
Сојузната влада почнувајќи од 22.08.2021 година, Северна Македонија ја клафицираше како подрачје со висок ризик на инфекција со Ковид-19, ова е напишано на Фејсбук страната на германската амбасада во нашата земја. Затоа, посочуваат во напишаното од германската амбасада, сите патници мора да се регистрираат на порталот за влез на Сојузна Република Германија и да ја носат со себе потврдата заради контрола од страна на превозникот или Федералната полиција. Освен тоа, се вели во објавените упатства, сите патници се должни да заминат директно во предвиденото сместување, веднаш по влегувањето во земјата и да останат таму цело време (карантин). Не е дозволено да се примаат посетители. Начелно овој карантин трае 10 дена. Ако поднесете доказ за вакцинација или оздравување преку порталот за влез , карантинот завршува предвреме, во моментот на поднесување. Исто така може да се направи тест (тест за антигени или ПЦР-тест) најрано пет дена по влегувањето и резултатот може да се испрати преку порталот за влез. За лица под 12 -годишна возраст, карантинот завршува автоматски, со завршување на 5 -от ден по влегувањето, е напишано во упатствата од амбасадата.
Во напишаното се дообјаснува дека лица над 12 години кои примиле вакцина одобрена во Германија (види листа на Институтот Пол Ерлих), и се потполно вакцинирани, смеат да влезат во Германија за сите цели на патување, под услов од последната потребна вакцинација да поминале најмалку 14 дена. На децата под 12 -годишна возраст им е дозволено да патуваат во придружба со барем еден целосно вакциниран родител, и ако самите децата не се вакцинирани. Сите останати лица без оваа заштита од вакцинација можат да влезат во земјата само ако патувањето е апсолутно неопходно, земајќи ги притоа предвид горенаведените обврските за обезбедување докази и карантин. Одлуката за дозвола за влез ја донесува соодветната гранична полиција. Амбасадата во овој случај не може да даде индивидуални изјави, соопштуваат од таму.
Повеќе информации може да најдете на веб страната на Сојузното министерство за внатрешни работи, се вели во напишаното.
Информирајте се за важечките ограничувања за влез во другите земји во Европа, апелираат од германската амбасада.
Притоа советуваат дека пред можен влез во други земји-членки на ЕУ, во Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, или Швајцарија, граѓаните да се информираат кај нивните надлежни служби за важечките ограничувања за влез во овие држави.
„Можно е, Германија да Ви дозволи влез, но не и овие други држави (можеби дури иако целта е транзит за да стигнете до Германија).
Лицата кои патуваат итно се советуваат внимателно да се информираат за актуелно важечките правила за обврската за тестирање и карантинот на веб страната на Министерството за здравство на Германија“, е напишано од страна на германската амбасада во нашата држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

